20 Декември, 2025
0.0479

„Сириза“ повторно го превзеде првото место на анкетите

Објавено во: Балкан 11 Септември, 2015 11:45

Добивај вести на Viber

Грчката левичарска партија на досегашниот премиер Алексис Ципрас повторно го превзеде првото место во анкетите за престојните избори во земјата на крајот на следната недела.

Според податоците на Агенцијата „Pro Rata“ за грчкиот весник „Ефимерида тон Синтактон“ „Сириза“ води со 5% пред втората политичка сила - „Нова демократија“. Двете имаат соодветно 28,5% и 23,5%. Според претходната анкета на агенцијата „Сириза“ водеше според гласот на избирачите со 3,5%.

Пред една недела некои социолошки агенции регистрираа предност на конзервативците од „Нова демократија“ пред партијата на Ципрас. Тогаш анкетата на Институтот за јавно мислење „GPO“ покажа дека за „Сириза“ би гласале 25% од испитаниците. „Нова демократија“ застана на прво место со поддршка на 25,3% од грчките гласачи.

Според последното истражување на „Pro Rata“ првите три се дополнуваат од екстремно десничарската партија „Златна зора“, која влегува во управувањето со земјата со 6,5% од гласовите на избирачите. По неа доаѓа „ПАСОК“ со 4,5%.

Надвор од парламентот остануваат досегашните коалициски партнери на Ципрас - „Независните Грци“ на Панос Каменос, со 2,5%. Слични резултати би го отежнале особено поранешниот премиер, кој дури и да заврши прв на гласањето, нема да добие доволен број гласови за самостојно управување и ќе треба да побара евентуален коалиционен партнер.

Истражувањето покажува дека 23% од избирачите би поддржале широка коалиција помеѓу „Сириза“ и „Нова демократија“. Исто толку луѓе сепак би сакале повторно да ја видат досегашната владејачка двојка - Ципрас / Каменос повторно на власт, а 18% го поддржуваат независното управување на „Сириза“.

Без парламентарно претставување ќе биде и новата партија на отцепените од „Сириза“ пратеници на Панајотис Лафазанис од новоформираната „Популарна унија", кои исто така добиваат 2,5%.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација