20 Декември, 2025
0.0390

„СИРИЗА“ во потрага на начинот за и волкот да е сит, и јагнето да е цело

Објавено во: Балкан 07 Септември, 2015 11:55

Добивај вести на Viber

Поранешната бунтовна партија „СИРИЗА“ даде барање за своето ново место во политичкиот живот на Грција. Доцна синоќа лидерот - поранешниот премиер на земјата, Алексис Ципрас, официјално ја претстави својата нова управувачка програма. Со неа партијата ветува дека ќе ги исполни своите обврски кон доверителите, а во исто време и мерките кои треба да ги ублажат ефектите од спроведувањето на третата спасувачка програма.

Реално „СИРИЗА“ е првата партија со официјално претставени идеи за по изборите на 20 септември. Досега кампањите на другите политички сили поминуваат низ напади против „СИРИЗА“ или персонализирани против лидерот. Очекувањата се дека во наредните две недели до изборите барем главниот противник „Неа демократија“ да покаже планови за управување.

Новата управувачка програма на „СИРИЗА“ цели за враќањето на суверенитетот на земјата, посочил во говорот пред претставниците на бизнисот за време на Солунскиот саем поранешниот премиер, пишува „Етнос“.

Тоа ќе се случи преку мерки во неколку насоки, меѓу кои реконструкција на ликвидноста и модернизацијата на институционалната рамка за инвестициите, зајакнување и преориентираното земјоделство и развојот на социјалната економија.

До 1 јануари 2016 година банките, вклучувајќи ги и малите кооперативни банки, во Грција треба да бидат рекапитализирани. Во спроведувањето на планот за зголемување на ликвидноста ќе биде формирана нова банка за развој, ќе биде употребена новата инвестициска програма на ЕУ (Планот на Јункер) и финансирање од Европската банка за обнова и развој, Светската банка и Европската инвестициона банка.

„СИРИЗА“ планира и создавање на центри за поддршка на бизнисот, за да се подобри конкурентноста на малите и средните претпријатија. Ципрас вети и реформи во сектори со олигополни интереси, меѓу кои и трговијата на мало со горива.

За една од болните теми во грчкото општество - земјоделството, „СИРИЗА“ предвидела борба против нелегалниот увоз на стоки и транспарентно управување со помошта на Програмата за развој на руралните региони. Се подготвуваат и различни програми, кои ќе ги заштитат приходите на земјоделците. Ќе има консултации и обуки за земјоделците, ветуваат уште поранешните владејачи.

Во однос на социјалната економија „СИРИЗА“ планира промена во одделни закони кои ќе помогнат за создавањето задруги, како и институционална рамка, која и дава можност на банкротираните претпријатија да бидат претворeни во задруги и управувани од нивните поранешни вработени.

Специјален фонд за зајакнување на социјалната економија кој ќе финансира дел од мерките, а средствата во него ќе бидат регрутирани од наплата на административни санкции, донации, спонзорства и европски средства.

Во новиот мандат Владата на „СИРИЗА“ се ветуваат активни политики мерки за намалување на невработеноста, како и мерки против „хуманитарната криза“ во земјата. Со екстремната сиромаштија радикалните левичари ќе се борат со мерки како на социјална карта на доход, помош, но во натура - за наем на живеалиште, енергетска помош за здравство итн. Сите деца во основните училишта во најпогодените од кризата региони ќе добијат исхрана во училиштата.

Во однос на здравството е предвидено електронско управување - ќе бидат издавани електронски здравствени картички и ќе има електронски регистар на пациентите, како и други мерки кои треба да ја намалат бирократијата и корупцијата во секторот.

Во програмата на Ципрас не е пропуштено и образованието. Требаат радикални промени, кои ќе бидат реализирани преку континуирана обука на наставници, двојазична обука и други мерки.

Во претставувањето на својата програма Ципрас повторил дека ако не бил потпишан третиот договор, економијата на земјата требала да биде срушена. Потпишувањето на тригодишниот план во вредност од 86 милијарди евра ги затвори и дебатите за излегување на Грција од еврозоната.

На прво време, сепак „СИРИЗА“ треба да победи на изборите, и тоа со резултат на целосно мнозинство. Тоа не е многу реално, иако во левицата не се откажуваат од надежта, посочувајќи го големиот број Грци, кои се уште не се одлучиле кого да поддржат на овие избори (помеѓу 15% и 20%, според различни истражувања).

Сепак и често сме биле сведоци на убави програми кои остануваат само на хартија, на која се напишани.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација