25 Април, 2024
0.0293

„Сиромавиот милионер“ меѓу судиите: Кој е Владимир Панчевски?

Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Владимир Панчевски, претседателот на Кривичниот суд во Скопје во еден ден го снајдоа две зла, а ниту едно нема никаква врска со Специјалното јавно обвинителство. Денот му почна со уривање на дивоградба во центарот на Скопје, а му заврши со кривична пријава од колега судија за влијание врз судиско одлучување.

Панчевски и неговото семејство одлучија сами да ги урнат двата спорни ката од 560 квадрати, за кои општина Центар утврди дека се дивоградба. Тие пак тврдат дека доградбата е легална и поднеле жалба до Второстепена комисија, која доколку се усвои, семејството ќе бара обесштетување од локалната власт.

На крајот на работниот ден Панчевски го стаса уште еден проблем. Судијата Илија Џолев поднел кривична пријава против судија од истиот суд, за кривично дело поврзано со влијание врз судија, за да преземе одделни незаконски дејства. Подоцна медиумите обелоденија дека судијата кој се гони за влијание е токму Владимир Панчевски.

Панчевски изјави дека е изненаден од кривичната пријава и оти немало причина него да го тужи некој судија. Тој работел професионално и не им вршел притисоци на судиите. Но, сепак сега на потег е Јавниот обвинител Марко Зврлевски каде е поднесена пријавата од Џолев со која за прв пат судија гони друг судија. Казната за ова кривично дело е од една до пет години затвор.

Милионер кој работи за плата во јавна администрација

Владимир Панчевски е милионерот меѓу судиите или судија меѓу милионерите. Многумина за него коментираат и се прашуваат зошто со толкаво богатство во имот и пари, тој влезе во жариштето на вулканот кој до лани тлееше, а со објавата на бомбите на СДСМ изби како вжештена лава.

„Себе си се сметам за доволно храбар јавно да приговорам за одредени состојби доколку такви постојат, при што категорично би кажал дека притисок и корупција во Основниот суд Скопје1 нема. Лично од 2008 година откако сум судија не сум почувствувал некаков притисок“, изјави тој во интервју пред две години.

Се уште стои на истиот овој став кога го прозива опозицијата, медиумите, правните експерти и го обвинуваат дека работи под диктат на власта. Тој и натаму тврди дека нема никакви притисоци врз работата на судиите во неговиот суд.

Но, неговото име особено исплива во јавноста кога првите случаи на Специјалното јавно обвинителство влегоа во судска процедура.  Секојдневно има преписки со Катица Јанева која го посочува како кочничар на предметите кои ги отвори СЈО, а тој пак за обвинителите вели дека се нестручни и поради тоа немале успех ни резултатите во случаите кои досега ги отворија.

Ќе се избори ли за втор мандат, во декември ќе се бира нов претседател

Владимир Панчевски почетокот на кариерата ја започнува како волонтер во Основното јавно обвинителство. Од 2003-2008 година, работи во Министерството за финансии, во одделот на финансиска полиција. А, потоа влегува во Кривичниот суд каде што една година работи како истражен судија. Со доаѓањето на Лидија Неделковска за Претседателка во Кривичниот суд, Панчевски е прераспореден во Одделот за организиран криминал. Судија е во повторената  постапка за случајот „Армиско оружје“, потоа во случајот „Пепел 2“ и „Виторија“. На 38 години е избран за претседател на Кривичниот суд.

Панчевски е сопственик на девет стана, од кои два се со квадратура од околу 140 метри квадратни, еден со 114 метри квадратни, а четири со околу 80 квадрати. За потеклото на сите девет станови, во анкетниот лист пишува дека се стекнати со наследство. Два стана гласат на името на неговите родители, а седум се на име на самиот Панчевски. Вози ново БМВ, има пари во банка, сефови и неколку штедни книшки.

Мандатот на Панчевски како прв човек на скопска единица му истекува на 4 декември, но не открива дали повторно ќе конкурира за оваа позиција.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија