29 Септември, 2024
0.0318

Сите бегаат од даноци!

Објавено во: Анализа 03 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Американскиот синџир ресторани за брза храна Burger King доби многу критики во последниве недели поради трансакција преку која драстично ќе ги намали даночните обврски во САД, но историјата на компанијата покажува дека тоа не е ништо ново за агресивната нејзина стратегија за намалување на даноците во последните години. Некои државни претставници и други критичари ја нападнаа компанијата поради одлуката да го премести своето седиште во Канада од САД преку договорот за купување на седиштето во Онтарио на ресторанот Tim Hortons. Причината е дека потегот ќе ослободи Burger King од некои даноци во САД. Сепак ова не е ништо ново. Анализа на Ројтерс за поднесените до регулаторите во САД и странство документи на компанијата покажуваат дека таа вложува големи напори за намалување на даночните обврски во САД подолго време. Ја намалува ја оданочливата добивка во САД, додека ја зголемува во земјите со ниски даноци. Burger King успева да управува еден од најуспешните бизнис модели од гледна точка на даноците во американската индустрија за брза храна. Ефективната даночна стапка на компанијата во последните 3 години е 26%, во однос над 31% на McDonalds, Starbucks и Dunkin Brands Group. Сопственикот на KFC и Pizza Hut - Yum Brands, предвиде слична на стапката на Burger King, но 74% од нејзините приходи се остварени надвор од САД, во земји каде што даноците се околу 25% од профитот. Стапката на Burger King е за околу 30% пониска од просечната која ја плаќала во последните 5 години, пред да биде купена од групата 3G. Според сметководствените експерти преместувањето во Канада ќе ја олесни задачата на Burger King, бидејќи ќе создаде нови можности за намалување на даночниот товар. Компанијата би можела да го користи во САД системот кој го применува во Велика Британија и Германија, овозможувајќи си да оперира без да плаќа речиси никакви даноци во овие земји. А тоа значи дека САД ќе ги изгуби даночните приходи од Burger King, кои во моментов ги добиваат. Burger King одби да го коментира актуелниот даночен режим во САД. Компанијата изјави дека договорот со Tim Hortons има за цел меѓународна експанзија и не е поврзана со заштеда на даноци, а преместувањето во Канада следува од тоа што северниот сосед на САД е најголемиот заеднички пазар на двете компании. "Ако на САД не им се допаѓаат овие договори, треба да го изменат законот, па да ги спречат. Корпоративниот даночен систем таму е лош, што ги поттикнува компаниите да ја оданочуваат добивката на друго место ", коментира Кас Рој-Чаудхари од Здружението на сметководители во Лондон. Главниот федерален данок на доход во САД е 35% од профитот на компаниите, што го прави највисокиот таков во развиените земји, а тој може да се зголеми уште ако се додаваат локалните даноци. Burger King реализира речиси 60% од своите приходи помеѓу 2011 и 2013 година во САД, покажуваат документи, но пријавува само 20% од својот профит во земјата за истиот период. Малата земена добивка во САД е поврзана со профитот на внатрешниот пазар, кој во просек е само 4% помеѓу 2011 и 2013 г - 1/5 од нивото на маргината на странските пазари во истиот период. За ниската маргина сепак може да се бара и друга причина, освен побарувачката на пониски даноци. Индустријата на брза храна во САД е најконкурентна во светот и цените се пониски отколку на други водечки пазари. Сепак голем дел од финансискиот товар на Burger King, како зголемувањето на трошоците за работна сила и трошоците за поправки, се претпоставува од франшизи, бидејќи компанијата управува многу мал дел од своите ресторани. Според професорот по право во New York University Даниел Шавиро сметководството на компанијата покажува дека ниската профитна маргина во САД делумно се должи на тоа што вкупните трошоци во вредност од стотици милиони долари се распределуваат по структурите на целата компанија. Пред читањето на овие трошоци профитот на единицата на Burger King за САД и Канада (91% од неговите приходи се генерирани во САД) одговара на маргините од околу 39% во странство. По пријавување на вкупните трошоци сепак маргините на северноамериканската единица се сведени на минимум нивоа. Повеќето од овие трошоци доаѓаат од САД, бидејќи оттаму компанијата зема заеми и таму работат главните директори и специјалистите по производни иновации. Даночните правила сепак бараат овие трошоци да бидат распределени подеднакво помеѓу домашните и меѓународните структури на компанијата. Burger King постигнува даночна ефикасност и зад граница. Поминувајќи профит во Швајцарија компанијата плаќа ефективна даночна стапка од 15% на надворешните приходи во последните 3 години. Според експертите на ист начин како странска компанија Burger King може да ги намали даноците во САД. Речиси сите ресторани на Burger King се франшиза, а над 80% од приходите на компанијата доаѓаат од франшиза такси и приходи од имот. Според американските даночни закони Burger King сеуште не може да ги намали даночните обврски, и со преместување на франшизи од САД во Швајцарија. Овие правила, меѓутоа, нема да важат за канадска компанија каква Burger King по завршувањето на зделката со Tim Hortons. K.K.