Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Објавено во: Свет 05 Декември, 2025 17:43
Техеран би можел да биде евакуиран поради криза со вода.
Главиот град на Иран би можел да биде приморан на евакуација поради сериозната водна криза, а експертите предупредуваат дека сите чешми во градот наскоро би можеле да пресушат, пишува Independent.
Официјалните лица предупредуваат дека иранската престолнина во блиска иднина ќе се соочи со моментот на таканаречениот „нулти ден“ – денот кога целосно ќе исчезнат резервите на вода.
Иран се соочува со тешка суша веќе шест години, а количеството врнежи во Техеран во првите два месеци од водната година – која започнува на 1 октомври – било речиси нулто, оставајќи ги резервите во акумулациите на опасно ниско ниво.
Властите во Техеран воведоа низа мерки: намалување на притисокот на водата, дискусии за рационализација и намалување на трошоците, а предложени се и поригорозни решенија како евакуација или преселување на престолнината доколку наскоро не паднат врнежи.
„Зборуваме за неколку недели или дури денови кога станува збор за преостанатите залихи вода за Техеран. Нултиот ден, како што го нарекуваме во водоснабдувањето, е блиску. Тоа е денот кога чешмите ќе пресушат“, рече Кавех Мадани, директор на Универзитетскиот институт на ОН за вода, животна средина и здравје.
На почетокот на ноември, претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, предупреди дека ако до крајот на месецот не заврне во Техеран, ќе мора да се ограничува потрошувачката на вода и да се евакуира градот.
Во Иран нормално врнежите започнуваат наесен по жешкото лето. Сепак, периодот од септември до ноември бил најсушен во последните 50 години, соопшти Националниот центар за временска прогноза. Врнежите биле за 89 отсто под долгорочниот просек.
Пезешкијан ја опиша ситуацијата како „исклучително критична“, наведувајќи дека акумулациите на браните во Техеран паднале на најниско ниво во последните шест децении – некои дури и на 10 отсто од капацитетот.
Потрошувачката на вода расте уште побрзо, според Центарот за стратешки и меѓународни студии. Во 1976 година потрошувачката во Техеран изнесувала 346 милиони кубни метри годишно, а денес достигнува 1,2 милијарди кубни метри.
foto Wikipedia/Tpmehdi
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат





