05 Декември, 2025
0.2307

Сите гасоводи ја заобиколуваат Македонија

Објавено во: Македонија 24 Април, 2013 08:42

Добивај вести на Viber

Зошто и после речиси три месеци по владините најави, Македонија сеуште нема одговор за евентуално приклучување со крак кон мега гасоводниот проект „Јужен поток“? Дали неодамнешните најави на премиерот Никола Груевски дека азербеџајнските гасоводи се алтернатива за Македонија значат дека земјава ги губи сите шанси за влез во Јужен Поток. И три месеци по најавата на министерот за финансии Зоран Ставревски дека македонија кон крајот на јануари ќе има позитивен одговор кога е во прашање проектот „Јужен поток“ нема никаква информација до каде се работите за приклучување со крак на Македонија во гасоводниот проект Јужен Поток. Доброупатените извори коментираат дека се помалку е извесно приклучувањето на Македонија, но сепак сите ја очекуваат финалната одлука на рускиот гигант Газпром, кој сеуште остава минимални шанси за да земјава се вклучи кон проектот Јужен поток. Во овој момент сеуште нема официјална информација до каде сме на патот кон Јужен поток. Извори за фактор коментираат дека е можен негативен исход за Македонија по однос на прашање, особено ако се има в предвид неодамнешната порака на премиерот Никола Груевски испратена од Азербејџан, кога тој како алтернатива ги посочи токму азербејџанските гасоводи.    Груевски: НАБУКО и ТАБ се интересни работи Азербејџанските власти планираат градба на два гасоводни системи, едниот е НАБУКО, вториот ТАП, кои поминуваат доста блиску до македонско-грчката граница и ова може да биде интересна алтернатива за гас за Македонија во иднина, посочи Груевски. Тој истакна дека азербејџанските власти најавуваат почеток на изградата следната година и финиширање до 2018. Албанија Грција и Италија ќе формираат комисија за изградба на гасоводот ТАП Владите на Грција, Албанија и Италија најавија дека ќе формираат тристрана комисија за соработка во поддршка на реализацијата на проктот за изградба на Трансјадранскиот гасовод (ТАП), пренесе порталот Енерџи. На средба во Рим трите земји, преку чии територии треба да поминува ТАП, ги договориле основните принципи и цели на комисијата, чија задача ќе биде да ги координира напорите за изградба на гасоводот. Комисијата, исто така, ќе соработува и при диверсификацијата на испораките на гас за ЕУ, Југоисточна Европа и западен Балкан. Преку ТАП ќе се пренесува гас од огромното наоѓалиште Шах Дениз-2 во Азербејџан преку Грција и Албанија до Италија, а оттаму до Западна Европа. Изградбата на гасоводот треба да започне следната година и да заврши до 2018 година. И.М

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот