25 Април, 2024
0.0277

СИТЕ ЈАВНО ИЗБРАНИ НОСИТЕЛИ НА ФУНКЦИИ НА УКИМ ДА ИМААТ МАНДАТ ОД ЧЕТИРИ ГОДИНИ: Интервју со проф. д-р Данева за Законот за високото образование

Објавено во: Интервјуа 10 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Во сегашниот Закон за високо образование, немаме изборност во предметите, ниту на универзитетско ниво, ниту на национално ниво, што е спротивно на болоњските принципи за мобилност на студентите. Со ваквата законска поставеност ја губиме препознатливоста на меѓународно ниво. Мора нешто да се направи и за задолжително објавување на трудови во списанија со импакт фактор заради меѓународното рангирање, посочува проф. д-р Ана Данева Маркова во денешното интервју за Фактор. Професорката оценува и дека мора да се истакне  и потребата, сите јавно избрани носители на функции на Универзитетот, да ги вршат своите функции за време од четири години.

Во јавноста се почесто се изнесуваат информации дека се потребни измени на Законот за високото образование. Каков е вашиот став околу тоа?

Проф. д-р Данева: Дејноста на високото образовани е од јавен интерес и има посебно значење за Република Северна Македонија како дел од меѓународниот и единствениот европски образовен, научен и уметнички делокруг.

Секогаш има потреба од надополнување и подобрување, затоа што  со овој закон се уредуваат автономијата на Универзитетот и академската слобода,  дејноста на универзитетот, системот за обезбедување и оценување на квалитетот на високото образование, основите за организација, управување, развојот и финансирањето на високообразовната дејност, правата и обврските на студентите, признавањето на странските високообразовни квалификации како и надзорот над работата на високообразовните установи.

Што би се постигнало со тие измени во Законот?

Проф. д-р Данева: Основна дејност на Универзитетот е да образува студенти и да ја развива науката и уметноста. Во сегашниот ЗВО, вака како што е регулирано, немаме изборност во предметите, ниту на универзитетско ниво, ниту на национално ниво, што е спротивно на болоњските принципи за мобилност на студентите. Со ваквата законска поставеност ја губиме препознатливоста на меѓународно ниво. Мора нешто да се направи и за задолжително објавување на трудови во списанија со импакт фактор заради меѓународното рангирање.

Со измената треба да се надмине неусогласеноста на Законот за високото образование со Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, односно во Законот за високо образование треба да се предвидат шифри за работните места како што е во сите други посебни закони. Ова е потребно заради барањата на Европската унија за евиденција во единствен регистар за сите вработени во јавниот сектор.

Потребно е и да се донесе уредба за научните области од трето ниво, односно треба во ЗВО да се направи измена со тоа што ќе се донесе национална класификација на научните области усогласена со Фраскатиевата класификација како што е регулирано кај другите земји од ОЕЦД.

Можете ли конкретно да ни посочите што е тоа што би требало да се подобри во високото образование и на каков начин би се постигнало тоа?

Проф. д-р Данева: Еве со пример, потребна е измена во делот на научните области. Цели факултети ги нема во второто ниво од Фраскатиевата класификација на научните области (Архитектура, Фармација, Стоматологија, Технолошко-металуршки факултет и др.) Фраскатиевата класификација на која се повикува ЗВО е документ на земјите членки на ОЕЦД, а компаративно гледано кај земјите членки на ОЕЦД имаат своја национална класификација на научните области усогласена со Фраскатиевата класификација, значи прилагодена според националните состојби (Словенија, Хрватска, Германија, Италија). Ваквата законска поставеност кај нас со директна примена на Фраскати цели факултети не ја препознаваат со што е оневозможено нивно учество во заеднички научни истражувања со странски универзитети и истовремено е закочен изборот во наставно-научни и соработнички звања.

Системот на обезбедување, оценување, развој и унапредување на квалитетот на високото образование секогаш може да се подобри.

Исто така, Законот би можел да посочи  воспоставување на индикатори за мерење на квалитетот и инструменти за нивно мерење кои пак би можеле да послужат и како систем во рангирањето па евентуално и во финансирањето на високообразовните институции- така би се креирало систем кој се заснова на еднакви можности, заслуга, реализирање на јавен интерес.

Во однос на мандатите, што мислите околу скратувањето на мандатите на органите на универзитетите, кога во цела држава вообичаени мандати се 4 години (има исклучоци на подолги мандати, не на пократки), односно мандати од 3 години воопшто како и да нема во други институции од јавниот сектор во државата и дали со мандат од 3 години може да се реализира програма на еден ректор, имајќи предвид дека универзитетската дејност е комплексна составена од наставна, истражувачка и апликативна дејност која треба да биде двигател на едно општество?

Проф. д-р Данева: Истакната е и потребата, сите јавно избрани носители на функции на Универзитетот, да ги вршат своите функции за време од четири години сметано од денот на стапување на должноста. Мандатот на студентите во студентските собранија и во органите на универзитетот треба да се зголеми, бидејќи за да се запази мандатот од една година се случува да е истечен мандатот на Универзитетското студентско собрание, а трае мандатот на факултетските студентски собранија, или поинаку се случува и вакуум период кога факултетските студентски собранија  не се формирани и не може да се формира Универзитетското студентско собрание и тоа повлекува да немаме студенти во Сенат, ректорска управа и другите тела на универзитетот и факултетите.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“