Сите лидери на едно место, почна Светскиот економски форум во Давос
Објавено во: Свет 23 Јануари, 2013 17:00
Како темата на годинешната средба на челниците од најголемите светси економии се стимулирачките мерки за излез на светската економија од кризата, односно „одржливата динамика". Вака идеологот Клаус Шваб ја опишува идејата за транзиција од агонијата на актуелните проблеми кон иднината, што треба да биде позитивна.
„Иднината на светската економија зависи од враќање на довербата кон нашите водачи“, посочува Шваб.
Мерките за безбедност почнуваат на километри од одморалиштето, а околу 5000 војници од швајцарската армија ќе чуваат форумот. Темата за распаѓање на еврото ќе остане во аголот на дискусиите. Тонот на дискусиите се очекува да биде оптимистичен, откако последните реформи во Шпанија, Португалија и Италија почнуваат да даваат ефект. Овие држави стануваат поконкурентни, иако економскиот раст сеуште е незадоволителен.
Со свое обраќање на тема економското заздравување ќе се претстават четворицата европски лидери – рускиот премиер Димитриј Медведев, британскиот премиер Дејвид Камерон, германската канцеларка Ангела Меркел и италијанскиот премиер Марио Монти. Исто така на Форумот пристигна и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, претседателот на Свестката банка Џим Јон Ким, генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард и претседателот на Европската централна банка Марио Драги.
Доминантно присуство во Давос има и Кина од каде пристигна голема делегација и неколку говорници кои ќе се обратат пред присутните , што покажува дека суперсилата има право да упатува пораки кои треба да бидат слушнати.
Инаку голем број полицајци и снајперисти го обезбедуваат просторот.
Истовремено се очекуваат и големи протести на антиглобалистите кои се вообичаени за време на ваквитеголеми светски случувања.
Можеби ќе ве интересира
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците




