17 Декември, 2025
0.0801

Сите од платите и пензиите ќе издвојуваат за да се санираат штетите од поплавите

Објавено во: Балкан 09 Јуни, 2014 11:03

Добивај вести на Viber

Властите во Република Српска воведуваат посебен „придонес за солидарност“. Секој работник од својата нето плата ќе издвојува 1,5% за да се соберат пари со кои ќе се санираат штетите од катастрофалните поплави што зафатија делови од земјата, објави премиерката Жељка Цвијановиќ.

Исто така, на сите пензионери ќе им се задржува од една до пет конвертибилни марки месечно, во зависност од висината на пензиите.

„Придонесот за солидарност е дефиниран како најмало можно оптоварување, а сепак сите ние, како жители на Република Српска, солидарно да придонесеме за загрозените. Тоа е помош од човек за човек“, изјави Цвијановиќ.

На синоќешната седница, Владата на Република Српска по итна постапка утврди сет закони со кои се дефинираат мерки за ублажување на последиците од поплавите, како и предлог-закон за формирање на Фонд за солидарност за обнова на Република Српска.

„Обемот на штетата во Република Српска ја надминува можноста на буџетот на републиката и на локалните буџети, па затоа е неопходно да се приберат средства од други извори за што побрзо да се санира штетата и да се овозможи економски раст на земјата, како и да се надмине тешката ситуација предизвикана од поплавите“, стои во владиното соопштение.

Најпогодените општини во Република Српска Добој и Шамац се очекува да добијат поголем дел од средствата во Фондот.

 

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии