„СИТЕ ПАЦИЕНТИ СЕ ЖИВИ, КРИТИЧНИТЕ СЕ ИСПРАТЕНИ ВО СТРАНСТВО“: Денеска нови ќе се трансферираат во Италија, Холандија и Белгија
Објавено во: Македонија 18 Март, 2025 12:40
Бројката на хоспитализирани лица со изгореници од пожарот во
дискотеката во Кочани надминува 160 - 170 заедно, од кои над 70 пациенти се успешно транспортирани во странство. Заради исполнетост на болничките
капацитети во соседните држави, од денеска пациенти ќе се испраќаат и во
Италија, Холандија и Белгија, а
освен лекарите од Чешка и од Израел кои уште од вчера им помагаат на
нашите здравствени работници, денеска
ќе допатува и медицински тим од Британија за да помогне во подготвување на следната
фаза - рехабилитација на повредените, изјави утринава директорот на Фондот за здравствено осигурување,
Сашо Клековски кој ја посети ГОБ „8 Септември“.
Според Клековски, сите пациенти се живи и тоа, како што напомена, е голем успех, а критичните се испратени во специјализирани центри во странство.
-Ги уверувам членовите на семејствата дека сите пациенти, до последен, се мобилизирани и се прават максимални напори за нивно лекување. Нема ниту еден критичен пациент да не е згрижен во институција за изгореници, а Владата овозможи родителите да бидат со нивните деца, потенцира Клековски, додавајќи дека ова не е битка од 72 часа, туку ќе трае со недели и месеци.
Директорот на Фондот подвлече и дека податоци за пациентите нема да се соопштуваат лично.
-Медиумите да не очекуваат информации за тоа кој пациент во каква состојба е, странските болници инсистираат комуникацијата да биде преку Министерството за здравство, рече Клековски.
Директорот на ГОБ „8 Септември“ Синиша Стојаноски информира дека засега нема критични пациенти, сите се во стабилна состојба. Повеќето имаат изгореници од втор и трет степен, најмногу на главата и дланките. Други повреди се од вдишување врел воздух и издувни гасови, како и трауматски набиеници и скршеници.
-Болницата максимално се грижи за сите пациенти и за оние што потенцијално ќе бидат упатени тука, тимот безрезервно се вложува. Протоколите се запазуваат максимално, изгорениците се отворени рани и се внимава да не дојде до потенцијални инфекции, изјави Стопјаноски.
Можеби ќе ве интересира
Почнува постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници, за четири општини
Зошто линеарното зголемување на пензиите заврши на Уставен?
УХМР ПОВТОРНО ГО ВКЛУЧИ МЕТЕО АЛАРМОТ: најавуваат поројни врнежи од дожд, а можно е да има невреме и силен ветер
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Инспектори давале информации за контроли – обвинителството даде детали за новата акција поврзана со „Пулс“
(ФОТО) Мицкоски беше во Тирана на отворање на новите канцеларии на Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, жали што во Пиринскиот дел ја нема таа можност
БИЛА ВО НЕКОЛКУ МАНАСТИРИ: Исчезна девојка од Злетово
ОЈО: Вкупно 11 лица се во постапка за поткуп и злоупотреби поврзани со даночното работење на „Пулс”
Приведени се десетина вработени во УЈП, Коцевски потврди дека се направени претреси на повеќе локации
Адем Чучуљ највисокооценет кандидат за претседател на Антикорупциска





