Почнува постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници, за четири општини
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2025 08:10
Денеска почнува постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Собирањето на потписите ќе се врши пред службените лица на надлежното подрачно одделение и канцеларија на Државна изборна комисија и пред надлежен нотар, секој работен ден во периодот на редовното работно време од 8:30 до 16:30 часот, а последниот ден (30 ноември 2025) до 24:00 часот.
Како што информира ДИК, Подрачно одделение на Државна изборна комисја - Гостивар е надлежно за собирање потписи за градоначалник на општините Гостивар, Маврово и Ростуше и Врапчиште, а канцеларијата на Државна изборна комисија - Дебар е надлежна за собирање на потписи за градоначалник на општина Центар Жупа.
Постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници на овие четири општини завршува на 30 ноември 2025 година во 24 часот.
Повторените избори за градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа се одржуваат поради непостигнат цензус на Локалните избори кои се одржаа на 19 октомври 2025 година поради што во овие општини не се избраа градоначалници.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




