16 Декември, 2025
0.0918

УНГАРСКИ ИКАРУС РАЗГЛЕДУВА УСЛОВИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА - претставник на компанија за производство на автобуси на средба во ТИРЗ

Објавено во: Економија 20 Ноември, 2025 11:25

Добивај вести на Viber

Од Дирекцијата на Технолошко индустриската развојна зона соопштуваат дека е оставарен контакт и средба со претставници на унгарската компанија Икарус, со кои се разговарало за потенцијална инвестиција во Македонија.

- Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски оствари средба со Тамаш Бенконс од унгарската компанија Икарус, глобално признат бренд за производство на автобуси. Во фокус на средбата беа можностите за развој кои ги нуди Македонија и ТИРЗ како атрактивна локација за странски директни инвестиции, како и бројните поволности во рамки на зоните - се наведува во нивната објава. 

Од таму додаваат дека Димовски посочил оти главна цел на Дирекцијата за ТИРЗ е што поголем економски развој преку инвестиции кои носат висока додадена вредност за целата држава, со отворање на нови работни места и зголемување на извозот. Во таа насока, тој истакна дека компании како Икарус, светски признат бренд, претставуваат значаен потенцијал за дополнително зајакнување на зоните.

- Од страна на Тамаш Бенконс, земајќи ја предвид стабилната бизнис средина, беше изразена заложба за нови инвестиции во државата, односно во рамки на ТИР зоните. Тие ги истакнаа стратешките цели на компанијата насочени кон воведување иновации, унапредување на производствените процеси и развој на технолошки решенија кои овозможуваат поголема ефикасност и одржливост, посочувајќи ја Македонија како атрактивна дестинација за инвестирање - посочуваат од Дирекцијата на ТИРЗ. 

Компанијата Икарус е основана во 1895 година и е пионер во унгарското производство на автобуси, со повеќе од еден век инженерска експертиза. Со визија за јавен превоз со нулта емисија, максимизирање на употребата на обновливи извори на енергија и минимизирање на еколошкиот товар од производствената технологија, денес, Икарус е во првите редови на технологијата за електрични возила, произведувајќи одржливи автобуси кои им служат на заедниците ширум светот.



Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи