Сите податоци од помошните сервери во УБК сега се во раце на СЈО
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2016
Како што соопштивме експертот кој СЈО го чекаше да дојде, дојде ја заврши работата и си замина.
Имено, преку соопштение до јавноста од тимот на Катица Јанева соопштија дека е извршено одземање на сите податоци од серверите.
„Во текот на денешниот ден, со помош на надворешен експерт обезбеден од производителот на помошните сервери кои се во сопственост на телекомуникациските оператори, а физички се наоѓаат во Управата за безбедност и контраразузнавање, беше извршено одземање на сите податоци од помошните сервери согласно судската наредба“, соопштија од СЈО.
Оттаму појаснуваат дека предметот е во предистражна постапка и во овој момент не се во можност да обезбедат дополнителни информации.
Одземените податоци ќе бидат предмет на анализа и нивните наоѓања ќе бидат благовремено споделени со јавноста.