Сите потенцијални купувачи бараат 700 откази во Галеника
Објавено во: Балкан, Економија 29 Август, 2016 10:30
Детали од понудата на заинтересираните за стратешко партнерство со српската фармацевтска компанија Галеника се појавија во белградските медиуми. Комисијата за стратешко партнерство со Галеника, според пишувањата на Вечерњи новости, „ѕирнало“ во понудата на сите три понудувачи, а тоа се компaниите „Cadila Pharmaceuticals“ од Индија, „EMS“ од Бразил и конзорциумот кој се состои од „Frontier Pharma“ од Велика Британија и „ LLC NPA Petrovax Pharm“ од Русија.
Тие во моментот се кај приватизацискиот советник, на косултантската куќа „Deloitte“, чии експерти мора да одговорат дали ги исполнуваат потребните услови од јавниот повик на понудите . Како што дознава неофицијално весникот, се издвојува планот на компанијата „EMS“ која е подготвена да преземе поголем удел во фирмата за лекови за повеќе од минимални седум милиони евра, колку што е барано за 25% од акциите.
Како што се тврди, Индијците нудат работа за 750 лица, а британско-рускиот конзорциум за 700. „Ако се точни тие бројки, Независниот синдикат смета дека ниедна понуда не е прифатлива. Не е во ред државата да им отпише долгови, да отпуштат половина работници и четвртина од фирмата да ја добијат за само седум милиони евра. Се надеваме дека стратешкиот партнер кој ќе ги донесе новите лекови, ќе го прошири производството и ќе вработи работници“, вели Зоран Пантелиќ, претседател на тој синдикат во Галеника. После три социјални програми во Галеника од 2800 останале 1400 работници.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




