Сите сакаат квадрат повеќе: Пазарот на недвижности „гори“ во Црна Гора
Објавено во: Економија 13 Јули, 2025 09:24
Податоците од Централната банка на Црна Гора покажуваат нагло зголемување на инвестициите во недвижности во првите четири месеци од оваа година, додека во исто време имало одлив на странски директни инвестиции во износ од 134 милиони евра.
Странските директни инвестиции за првите четири месеци изнесуваат 297 милиони евра и се на ниво од минатата година, пишува денес РТЦГ.
Извештајот за трендовите на странските директни инвестиции во Црна Гора во периодот од 2018 до 2024 година покажа раст на нето-приливот на странски директни инвестиции во изминатата година во износ од 13 проценти во споредба со претходната година.
Овој прилив сè уште останува приближно 40 проценти под нивото од 2022 година.
Во исто време, беше забележан предупредувачки тренд на промени во структурата на инвестициите - додека во 2021 година повеќе од 31 процент од странските инвестиции беа насочени кон банкарскиот сектор и реалната економија, минатата година овој удел беше само 12,8 проценти.
foto Wikipedia/Dreizung
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




