29 Септември, 2024
0.0319

Сите сакаат овде – дали е добро тоа?

Објавено во: Анализа 05 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Продавниците Wieland Giebel во близина на Бранденбуршката порта во Берлин, кои продаваат парчиња од Берлинскиот ѕид за помалку од 10 долари, минијатурни трабанти и 3000 книги за главниот град на Германија, се бореа со лошите резултати цели четири години додека не настапи туристичкиот бум. "Интересот за турбулентната историја на Берлин е огромен", тврди Гибел, 64-годишниот сопственик на продавниците, чија продажба се зголеми за 20 отсто од 2011 година досега. "Ако ги прашам моите клиенти зошто го посетуваат Берлин, тие ќе ми кажат: Зашто сите сакаат да дојдат тука", вели тој. Берлин, кој го надмина Рим и стана третиот најголем посетуван град во Европа по Лондон и Париз, е најбрзо растечки град меѓу десетте топ дестинации на континентот. Економијата на градот забележува поголем раст од сите германски покраини во 2013 година, а ноќевањата на туристите се зголеми со 8,2% во истиот период, достигнувајќи вкупно 27 милиони долари. Овој бум го менува лицето на градот кој некогаш беше определен како "сиромашен, но секси" со својот жив ноќен живот, пониски трошоци за живот и висока невработеност. Иако приливот на туристи е добар според Гибел и другите трговци, други ова го гледаат како инвазија на разбеснетите посетители во некогаш тивките квартови на градот. Адам Телмаистер, швајцарски уметник кој живее во Берлин од 1989 година, тврди дека квалитетот на градот страда од тоа што главниот град се фокусира само врз зголемениот туризам. Посетителите се соочуваат со борбата на Берлин да се справи со сето тоа, уште кога се приземјуваат на аеродромот Tegel. Тој е дизајниран така што во него дневно да може да поминат 55 000 патници, кои потоа се движат до другите делови на градот со автобус. Новиот аеродром што се гради од 2006 година и требаше да се отвори во 2011 година, се уште заостанува зад плановите. Сеуште нема јасен датум за отворање. Тоа сепак е од клучно значење за економијата на Берлин во момент кога продажбите во туризмот се зголемуваат повеќе од 2 пати од 2000 година до 2013 година, достигнувајќи 11,5 милијарди евра. Пазарот на труд во градот се проширува најмногу од сите градови во Германија во првиот квартал на годината, бидејќи хотели, ресторани и други сектори кои нудат услуги, отвораат нови работни места. Стапката на невработеност во Берлин во август е 11,1%. Во градот има речиси толку хотели, како во Њујорк. Во наредните години бројот на леглата во Берлин ќе се зголеми од 20 000 до околу 150 000, тврди министерот за економија на Германија, Корнелија Изер. Бумот е придружуван од концерти, кои се продаваат за неколку минути, преполно метро и огромни редици пред денс клубот Berghain кој наликува на катедрала. Некои продавници веќе продаваат налепници "Берлин не ве сака", кои локалците ги купуваат и лепат по електрични столбови и ѕидови. Од оваа есен градот инвестира 300 000 евра за изнаоѓање решенија за проблемите кои се јавуваат поради големиот прилив на туристи. Станува збор за често чистење на ѓубре, повеќе ноќни автобуси на местатата прошарани со барови и клубови. Берлин се стреми да привлече повеќе посетители, бидејќи има потреба од нив. Туризмот носи 10,6% од БДП на градот во 2013 година. За споредба туризмот му носи 5,1% од БДП на Лондон. Повеќето во Берлин ја разбираат оваа зависност, а 88% наведуваат во студија дека ги поздравуваат туристите и економските придобивки што тие ги носат на градот. K.K.