СИТЕ СМЕ ЕДНАКВИ, САМО НЕКОИ СЕ ПОЕДНАКВИ: Ромките во Македонија се соочуваат со тежок пристап до здравствените услуги
Објавено во: Македонија 08 Април, 2018 09:56
Денес е Меѓународен ден на Ромите. По тој повод, Иницијативата на жени од Шуто Оризари, потсетува дека Ромките од Шуто Оризари и годинава сѐ уште се соочуваат со сериозни пречки во пристапот до основни здравствени услуги за репродуктивно здравје. Податоците ја покажуваат таа слика, загрижувачки е бројот на малолетни бремени жени.
- Теренското истражување што го спроведовме во 2017 година ни покажа дека дури 20 отсто од бремените Ромки од Шуто Оризари - или секоја петта бремена Ромка, се малолетнички. Раната бременост и родителство сериозно влијаат врз конкурентноста на пазарот на трудот и придонесуваат кон прекинување на понатамошното школување, со што се создава економска зависност и сиромаштија, се наведува во Иницијативата на жени од Шуто Оризари, по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април.
Ваквата состојба, велат, ја потврдува потребата од воведување едукација за младите и од услуги за заштита и унапредување на нивното репродуктивно здравје, што директно ќе придонесе кон намалување на бројот на малолетничките бремености. Едукацијата за начините на заштита од несакана бременост и од сексуално преносливи инфекции, според нив, ќе ги опреми младите со информации и знаења кои се неопходни за донесување на важните одлуки во животот.
Истражувањето покажа дека дури 82 отсто од Ромките од Шуто Оризари го платиле прегледот кај матичниот гинеколог иако според прописите од областа на здравствената заштита, оваа услуга им следува бесплатно.
- Согласно Програмата за активна здравствена заштита на мајки и деца, прегледите и лабораториските анализи во текот на бременоста им следуваат бесплатно на бремените жени без здравствено осигурување, жените без документи за лична идентификација, Ромките и жените од социјално ранливи категории, но според нашето истражување, ова се почитува во само 20 отсто од случаите, додаваат од Иницијативата.
Тие велат дека ваквата практика во ординациите на матичните гинеколози ги спречува жените редовно да ја следат бременоста и со тоа директно се загрозува нивното здравје и живот.
- Бараме одговорните институции, пред се ФЗОМ и Министерството за здравство да им дадат врвен приоритет на здравјето и животот на бремените жени, односно да изнајдат трајно системско решение за целосно стопирање на практиката на незаконска наплата на здравствените услуги од страна на матичните гинеколози и да обезбедат целосно спроведување на мерките од превентивните програми на Министерството за здравство за унапредување на репродуктивното здравје на Ромките, наведуваат од Иницијативата на жени од Шуто Оризари.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




