24 Ноември, 2024
0.2465

СИТЕ СВАДБИ СЕ ВО ТЕТОВСКО, ЗАТОА СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ: Но ова не е четвртиот бран на вирусот, уверува епидемиологот Стојанов

Објавено во: Македонија 14 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Изминативе денови евидентно е зголемен бројот на новозаразени со корона вирусот и тоа најмногу во Тетово, и само по 2-3 случаи во Скопје. Епидемиологот, д-р Александар Стојанов за Фактор вели дека сепак не станува збор за четвртиот бран на вирусот, особено и поради фактот што се уште се прават голем број тестирања, а бројот на заразени се движи некаде од 5 до 20, што генерално е многу мал процент. Во нашиот разговор појаснува дека повторно се докажува дека секаде каде што има голем број собирања, и каде што бројот на вакцинирани е мал, логично е да има зголемување на новоинфицирани случаи.

-Сè уште не би рекол дека станува збор за четвртиот бран на вирусот, иако сега за разлика од пред десеттина дена бројот на новозаразени е поголем. Но, тоа не значи дека нема да ни се случи. Новозаразените се генерално концентрирани во Тетово, многу малку се евидентираат во Скопје, и во некој од другите градови. Според моите проценки, тоа е така бидејќи во тетовскиот регион има многу повратници од странство и во овој период се прават свадби и други семејни прослави, собирања кои секако дека го зголемуваат ризикот од ширење на вирусот. Од друга страна пак, бројот на вакцинираните е навистина мал, посебно помладата популација, која е најактивна. Младите се дружат, патуваат, а не се вакцинирани. Таму вирусот наоѓа простор да се шири, вели д-р Стојанов.

Според него, овој летен период, ова мало затишје на Ковид-19 треба добро да се искористи и да се вакцинираат што поголем број граѓани, особено младата популација. Вели дека и евентуални некакви мерки, особено на границите, би биле од корист.

-Сигурно дека би било подобро, луѓето кои влегуваат во земјава да имаат негативен ПЦР или потврда за вакцинација. Но, да се прават тестови на граница  е навистина неизводливо. Ќе се создаваат гужви, нервози, а освен тоа кој ќе ги прави тие тестови, потребни се медицински работници, не може граничарите тоа да го прават, посочува д-р Стојанов

Инаку, и Министерството за здравство потврди дека новозаразените во тетовскиот регион се од два познати кластери и дека по зголемување на бројот во период од неколку дена, Комисијата за заразни болести ја следи епидемиолошката состојба и е во комуникација со локалниот центар за јавно здравје каде се анализираат сите овие случаи. Истовремено, нагласуваат дека мерките може да се променат и да се воведат рестрикиции ако епидемиолошката состојба го наложи тоа.

- Првиот кластер е од свадба, а вториот е повеќечлено семејство кое исто така било на мала семејна прослава. Она што загрижува и со што се соочиле здравствените работници е што некои од ковид позитивните пациенти не давале точни податоци и информации за контакти, како би можело да се спречи создавање на кластери околу двата постоечки. Министерството за здравство апелира, граѓаните да соработуваат со епидемиолозите, одбивањето на соработка од страна на пациентите, прави потешкотии во спроведувањето на епидемиолошките анкети, а тоа може да доведе до голем број заразени. Засега радува фактот што од 65 активни случаи во Тетово, само 12 се со симптоми и нема хоспитализирани во ковид центарот во КБ Тетово, соопштија од Министерството за здравство.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинацијата, што поголем број вакцинирани, значи побрзо создавање колективен имунитет, а тоа е клучно да се победи ковид пандемијата.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип