05 Декември, 2025
0.0324

Сизифовски тендери за Чебрен и Галиште и нелогична настојчивост на Владата. До кога?

Објавено во: Македонија 08 Мај, 2013 08:23

Добивај вести на Viber

Иако многу пати до сега економските министри во Владата уверуваа дека се на чекор до избор на инвеститор, до тоа за сега не дојде. Единствено со што Владата може да се пофали се потрошените илјадници евра во лобирање и објавување огласи во угледни меѓународни весници за избор на инвеститор и скапиот увоз на струја. На последната седница Владата ја поништи постапката за доделување концесија за искористување на потенцијалот на Црна река за производство на струја, дознава Фактор. Со ова Владата бележи уште еден неуспех во овие седум години во обидите да најде инвеститор за изградба на електраните Чебрен и Галипште. Иако многу пати до сега економските министри во Владата уверуваа дека се на чекор до избор на инвеститор, до тоа за сега не дојде. Единствено со што Владата може да се пофали се потрошените стотици илјади евра во лобирање и објавување огласи во угледни меѓународни весници за избор на инвеститор за Чебрен и Галиште и скапиот увоз на струја за задоволување на потребите на граѓаните, во услови на дефицитарно домашно производство. Зошто Чебрен и Галиште се неатрактивни?! Проектот за изградба на најголемите две хидроцентрали кај Мариово стар 50-тина години, кој речиси сите влади до сега го ставаа на листата на приоритети во енергетиката, никако да стане реалност. Откако Комисијата за избор на најповолен понудувач во Министерството за животна средина и просторно планирање на средината на април објави дека ниту еден од заинтересираните инвеститори не достави понуда за изградба на Чебрен и Галиште, сега Владата одлучи да не даде дополнителен рок  за доставување понуди и да ја прекина постапката, со што тендерот се смета за пропаднат. Иако една турска фирма, грчката компанија ППЦ и македонската компанија Балкан енерџи груп (фирма која во енергетските кругови се поврзува со  руската компанија Синтес Груп, сопственик на термоелектраната ТЕ-ТО во Скопје) на последниот повик подигнаа тендерска документација за Чебрен и Галиште вредна 5.000 евра, ниту една од нив не достави понуда до крајниот рок. Која е причината за неуспехот на Владата во изнаоѓање инвеститор од Владата се уште не сакаат да откријат. Нема детаљи околу клучното прашање дали на следниот, нов тендер за избор на инвеститор за Чебрен и Галиште Владата ќе промени нешто во тендерксите услови, или секој следен оглас повторно ќе биде неуспешен?! Што Владата им нуди на инвеститорите?! Според последните критериуми на тендерот, ЕЛЕМ ќе треба да ги преземе сите инвестиции за реализација на проектот ( пристапните патишта, експроријацијата и подготовката на земјиштето за изградба, изградбата на трафостаници и приклучувањето на објектите на електроенергетскиот систем...) Според  информации од Владата, најатрактивно за инвеститорите ќе биде ако во заедничката компанија, веќе постоечката хидроцентрала Тиквеш им се даде на инвеститорите три месеци по почетокот на изградбата на ХЕЦ Чебрен. По одобрувањето на проектот и добивањето градежна дозвола, потенцијалниот инвеститор ќе мора да го изгради Чебрен за седум години од денот на почетокот на градбата, пишува во најновата тендерска документација за изградба на овие две најголеми хидроцентрали кои треба да се градат на Црна река, кај Мариово. Експертите објаснуваат дека Чебрен и Галиште се значајни не само за земјава, туку и за регионот, бидејќи ќе претставуваат еден од најголемите резервоари за вода. Годишното производство на овие електрани се проценува на 1.100 гигават-часови струја, што е речиси половина од потребите за струја на земјава кои се задоволуваат од вода. К.П          

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите