16 Јануари, 2025
0.0303

СЈО: Преку фирмата на Коста Крпач назаконски се купила прислушната опрема за УБК!

Објавено во: Македонија 28 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Преку фирмата  Финзи ДООЕЛ Скопје на Коста Крпач кој почина во април годинава се купувала незаконси прислушната опрема за УБК.

Ова го откри тимот на Катица Јанева презентирајќи ја новата истрага која се однесува на економски криминал а за која кодното име е „Трезор“.

Во новата истрага како осомничени се јавуваат 3 лица на раководни позиции во Управата за безбедност и контраразузнавање и едно лице на раководна позиција во МВР, а СЈО ги сомничи за злоупотреба на буџетски средства во висина од 862 илјади евра.

Засега осомничените не се откриваат поради текот на истрагата и пресумцијата на невиност која ја уживаат осомничените.

Да се потсетиме кој беше Коста Крпач ...

Мистериозната смрт на 40 годишниот Коста Крпач отвори многу прашања, на кои обвинителство досега нема одговори. 

Како уметникот влегол во медиумскиот бизнис и станал директор на фирмата сопственик на порталот Нетпрес, за потоа да биде аболициран од Претседателот Иванов, а во април беше пронајден мртов во неговиот стан во скопски Капиштец. 

Убиство или самоубиство 

Академскиот сликар Коста Крпач вчера беше пронајден мртов во неговиот стан со прострелна рана во градниот кош. Засега нема официјално соопштение од истрагата дали се работи за самоубиство или убиство. На овој трагичен настан му претходеше инцидент, кој според шпекулациите бил предизвикан од сега починатиот. Наводно, Крпач пред да почине, вчера околу 13.30 часот пукал од својот стан во населбата Капиштец во автомобили кои биле паркирани пред зградата. Неколку куршуми завршија во паркирано комбе, а за среќа немаше жртви или повредени луѓе.

 Полицијата потоа ја обиколи зградата и два часа го обезбедуваше станот, но не влезе внатре, иако пукотници се слушале и одвнатре. Според непотврдени информации, полицијата ја повикала неговата сопруга која работи во УБК, да ја отвори вратата. Но, бидејќи била затворена одвнатре, морале насилно да ја отворат. Внатре го нашле телото на Крпач, но нема информации со какво оружје е пукано. Увид изврши јавен обвинител, а телото беше однесено на обдукција која треба да покаже како и од чија рака почина Коста ...

Можеби ќе ве интересира

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?