17 Декември, 2025
0.0564

СКАНДАЛ: Македонска лекарка ја бие лош глас во Хрватска

Објавено во: Балкан 08 Август, 2014 12:49

Добивај вести на Viber

Тешки обвинувања од родителите во хрватскиот град Сисак за македонска лекарка која работи како педијатар-неонатолог во нивната болница. Околу 5.000 родители тврдат дека на нивните деца им измислува болести и ги става на непотребни терапии и испитувања, објави Дневник.хр. Тие ја пријавиле и во хрватското Министерство за здравство кое сега ќе испрати инспекција во болницата. Повиканата лекарка се брани - само совесно си ја работам работата. Речиси 4.000 мајки во Сисак се потпишале само на електронската петицијата со која тврдат дека неонатологот Милица Икономова од мистериозни причини ги задржува нивните деца на болница и бараат таа веќе да не ги лекува. Лекарката се брани дека само е претпазлива. „Секој лекар кој е разумен, кој е одговорен и кој има искуство како мене би постапил исто“, вели д-р Икономова, појаснувајќи дека е дополнително претпазлива бидејќи се наоѓа во друга земја. Мајките ја обвинуваат дека ги советувала да не ги дојат децата, а таа вели - со најдобри намери. Реакциите на родителите можат да се прочитаат и на Фејсбук, каде што алармирале уште минатата година за однесувањето на македонската лекарка. На д-р Икономова работната дозвола во Хрватска и истекува на 5 октомври, но таа вели дека има намера да бара продолжување, бидејќи сакала да работи во хрватските болници.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни