29 Септември, 2024
0.0254

Скандалот помеѓу САД и Германија е слатка музика за ушите на Путин

Објавено во: Анализа 14 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

"Комплицирано е да преговараш со луѓе кои дури и дома разговараат шепотејќи, бидејќи се плашат дека Американците ги прислушуваат". Tака Владимир Путин одговори на прашањето како разговара со европските лидери, поставено за време на маратонската сесија на отворена линија во април. "Чујте ме, јас зборувам сериозно, тоа не е шега", продолжи Путин, кога во салата се разлеа смеа, пишува списанието Time. Американскиот новинар Симон Шустр потсетува на овој случај во статија во последниот број на Time, и вели дека Путин "сигурно уште потешко би ја сокрил насмевката, знаејки за последниот шпионски скандал меѓу САД и Германија, кој избувна оваа недела". Германските власти, во четвртокот замолија припадник на ЦИА во Американската амбасада во Берлин да ја напушти земјата откако тајните служби на федералната република открија во своите редови двајца американски шпиони одеднаш. Се тврди дека тие продавале тајни на Американците од своите редови во германското разузнавање - BND, односно биле двојни агенти. Иако информацијата поднесена од двајцата, беше окарактеризирана министерот за надворешни работи Томас де Мезиер како "смешна", на никого во германската престолнина не му беше до смеење, пишува Шустер. Додека Западот се покажува во најсериозниот спор со Русија од времето на студената војна, САД и Европа повеќе од било кога треба да го обединет фронтот против Кремљ, нагласува тој. Усвојувањето на новиот циклус од западните санкции против Русија бара поголема размена на разузнавачки податоци меѓу САД и нивните европски сојузници, - се вели во статијата. - Нивните разузнавачки служби треба меѓусебно да си обезбедат докази за руската интервенција во настаните во Источна Украина - докази кои често се добиваат преку шпионажа. Па колку и смешно да им изгледа на властите во Берлин американската шпионажа во Германија, нивната реакција го прекинува главниот канал токму за таква доверлива врска со Вашингтон. " Слични вести како овие се слатка музика за ушите на Путин, констатира новинарот. За време на целиот конфликт со Западот поради Украина, Путин настојува да забие клин меѓу западните земји, да ги натера Европејците да ги преиспитаат трансатлантските врски, пишува тој. K.K.