16 Декември, 2025
0.0332

Скандинавија и Исланд ја засилуваат воената соработка поради руската закана

Објавено во: Свет 10 Април, 2015 13:10

Добивај вести на Viber

Пет северни европски држави, вклучувајќи ја Шведска и Финска, имаат потпишано заедничка декларација за проширување на воената соработка во позадината на онаа што министрите за одбрана на овие земји ја дефинираат како „руска агресија против Украина“, соопштува норвешкото издание „Афтенпостен“.

Декларацијата беше потпишана од министрите за одбрана на членките на НАТО Норвешка и Данска, како и од оние на Шведска и Финска, заедно со Министерството за надворешни работи на Исланд.

Министрите наведуваат во заедничката изјава дека руската агресија против Украина претставува „најголем предизвик“ за европската безбедност, особено на скандинавските земји.

Според „Афтенпостен“ петте европски земји најверојатно ќе ги прошират заедничките воени вежби, ќе ја продлабочат соработката во областа на одбраната и ќе ја прошират размената на разузнавачки информации.

Русија и Западот во моментов се соочуваат со влошените дипломатски односи од колапсот на Советскиот Сојуз наваму.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете