15 Декември, 2025
0.0450

НАПРАВЕНИ СЕ КОНТРОЛИ ВО ДРЖАВАТА: Во кои градови се откриени дискотеки без важечки лиценци?

Објавено во: Македонија 18 Март, 2025 16:20

Добивај вести на Viber

Портпаролката на Владата, Марија Митева попладнево на прес-конференција изјави дека извршени се контроли во објекти кои имаат лиценца за кабаре, дискотека во државата. 

Приложени се 22 лиценци на цела територија и 15 се со истечена важност. Откриени се и објекти кои воопшто немале лиценци. 

„Во Скопје 13 објекти, од кои само 2 се со лиценца со важност за кабаре и 8 со истечена, а три објекти немаат никаква лиценца. Во Куманово имаме три објекти со дејност кабаре, сите се со важечки лиценци“, рече Митева. 

Во Штип, Виница и Делчево по еден објект е регистриран како кабаре и сите поседуваат важечки лиценци.

Во Струмица има 4 објекти: 2 со важечки лиценци за диско-клуб, 1 со важечка лиценца за диско-клуб на отворен простор, а 1 со истечена лиценца.

Во Гевгелија имаме еден објект со истечена лиценца. Во Велес има еден објект со важечка лиценца за диско-клуб.

Во Битола има четири објекти – три со важечки лиценци за кабаре, а еден со важечка лиценца за диско-клуб на отворен простор.

Во Прилеп има два објекти, и двата се со истечени лиценци. Во Кавадарци има еден објект со важечка лиценца. Во Велес има еден објект со важечка лиценца за кабаре.

Неготино еден објект со истечена лиценца. Во Охрид има четири објекти – два со важечки лиценци, еден со важечка лиценца за диско-клуб, а еден објект е без лиценца.

Во Кичево има еден објект со важечка лиценца за кабаре. Во Гостивар има еден објект со истечена лиценца.

Во Тетово има шест објекти, од кои за четири нема податок, а два се со истечени лиценци.

Митева рече дека инспекторатот прави контроли дали сите објекти ги исполнуваат техничките услови, иако имаат лиценца. За оние кои немаат лиценци или им се истечени, донесена е забрана за работа. 

За 58 лица се обезбедени транспорт и сместување, а Владата ќе го покрие трошокот. Ова се однесува за оние луѓе чии најблиски по пожарот во Кочани, се префрлени на лекување во странство. За нив Владата ќе ги покрие трошоците за да заминат во странство. 

Владата денеска на седница го задолжила Министерството за финансии да обезбеди 30 милиони денари и да ги пренесе на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за помош за транспорт и сместување на најблиските на тешко повредените во пожарот во Кочани кои се на лекување во странство.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти