ТОШКОВСКИ: Резервоарот со нафта во Кочани бил празен и не е поврзан со дискотеката
Објавено во: Македонија 18 Март, 2025 17:12
Во близина на дискотеката „Пулс“ во Кочани е пронајден резервоар за нафта, но како што вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, тој е целосно празен и нема никаква поврзаност помеѓу сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката.
„Според информациите што ги добив, точно е дека постоела бензинска пумпа и одреден резервоар во земја којшто по првичните информации бил празен и не бил во допир со настанатиот пожар. Сопственичката структура не е поврзана меѓу себе, ниту пак е поврзан сопственикот на бензинската пумпа со менаџерската структура која се појавува како организатор во дискотеката“, објасни министерот.
Од Обвинителството во текот на денот објавија дека при увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат.
Претходно се појавија информации дека постоела опасност од разорна експлозија поради резервоарот кој се наоѓал блиску до местото каде имаше пожар кој во неделата однесе во смрт 59 луѓе.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




