11 Декември, 2025
0.0605

СКАПИ ВИ СЕ СТАНОВИТЕ ВО ГРЦИЈА? Во една земја од регионот метар квадратен покрај море е поевтин отколку во Скопје

Објавено во: Економија 13 Април, 2023 08:59

Добивај вести на Viber

И додека побарувачката за станови во Грција расте, се поставува прашањето - колку чини да имате сопствен простор до плажа, во блиската земја?

Иако инфлацијата се зафати и во областа на недвижностите, има локации каде може да се најдат станови по пристојни цени, како на пример во Албанија, пишува Независне новине.

Албанија

Наместен стан во Голем недалеку од море чини околу 44.500 евра за 63 квадрати. Можете да најдете и гарсоњера од по 50 квадрати по цена од 35.000 евра, наместени.

Становите во Шењин на 90 метри од море, од 63 квадрати, чинат 51.500 евра, но не се наместени. Стан од 65 квадрати кај плажата Манго во Саранда чини 58.000, додека двособен стан од 48 квадрати во Орикум кај Валона чини 48.000 евра.

Албанија на плажа одмор на море Ксамил

Сè на сè, кој планира да купи стан на брегот на оваа земја, може да го продаде за 1.000 евра квадрат.

Босна и Херцеговина

Неум е мало место и единствено во оваа земја што се отвора кон морето. Во овој поглед, недвижниот имот е помалку и затоа е поскап.

Така, стан од 37 квадрати чини околу 62.000 евра. Двособен стан од 56 квадрати 121.200 евра.

Во ова гратче, пак, се продаваат повеќе куќи, па куќа од 160 м2 веднаш до море чини 665.000 евра.

Хрватска

Како и претходните години, Хрватска води по цените на недвижностите, што го покажуваат новите резултати на Евростат, кои забележуваат дека становите во оваа земја поскапеле за 17,3 отсто.

Наместен стан во близина на плажа, во Штинјан кај Пула, со површина од околу 65 метри квадратни чини околу 210.000 евра. Од друга страна, пентхаус од 82 квадрати со поглед на море во Цриквеница чини 390.000 евра.

Трособен стан со поглед на море во Макарска со површина од нешто помалку од 100 квадрати е 285.000 евра, а од плажа е на 15 минути пешачење.

Во Опатија голем стан од 280 квадрати со поглед на море чини дури 798.000 евра.

Затоа би се рекло дека стан покрај море во Хрватска не може да се најде за помалку од 3.000 евра за метар квадратен.

Црна Гора

Во Црна Гора цените на становите се многу високи и сопствениците најчесто ги издаваат на една година. Меѓутоа, доколку сакате нов еднособен стан во Рафаиловиќи, со површина од 40 метри квадратни, ќе ве чини околу 147.000 евра.

Будва е значително поскапа, па гарсоњера која е оддалечена 250 метри од морето, со површина од 22 метри квадратни, чини 75.000 евра.

Од друга страна, гарсоњера од 36 м2 во нов комплекс во Бар може да се најде по цена од 72.000 евра.

Еднособен стан во Сутомор чини 98.300 евра за 52 квадрати. Споменатиот имот е на 250 метри од море.

Овие бројки водат до заклучок дека дури и уживањето во поглед на морето во Црна Гора не е евтино и дека е неопходно да се издвојат значителна сума пари, дури и ако планирате да купите многу мал гарсоњера.

На крајот, кога се купува недвижен имот покрај море, најевтино би било во Албанија. Освен ако не сакате да отпатувате малку подалеку - во Грција, пренесува Екапија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ВО РЕГИОНОТ: Се плашат дека на старост ќе бидат сиромашни и вложуваат во недвижности

ВО РЕГИОНОТ: Се плашат дека на старост ќе бидат сиромашни и вложуваат во недвижности

Дали ова е најпотценетата валута во светот?

Дали ова е најпотценетата валута во светот?

Николски: Поврзување на Коридорот 10 со Коридорот Струма во Бугарија и уште 14 големи проекти во Струмица

Николски: Поврзување на Коридорот 10 со Коридорот Струма во Бугарија и уште 14 големи проекти во Струмица

(ВИДЕО) Се пробиваат тунелите од трасата за железничката пруга кон Бугарија

(ВИДЕО) Се пробиваат тунелите од трасата за железничката пруга кон Бугарија

ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење

ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење

Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра

Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра

СОБРАНИЕТО ЌЕ ВРАБОТУВА НАД 30 ЛИЦА: се бараат соработници, преведувачи, толкувачи за плати кои почнуваат од 32 илјади денари

СОБРАНИЕТО ЌЕ ВРАБОТУВА НАД 30 ЛИЦА: се бараат соработници, преведувачи, толкувачи за плати кои почнуваат од 32 илјади денари

САЕМ, ЖИЧНИЦА ОД БОЛНИЦАТА КОЗЛЕ И НОВ ВЛАДИН АВИОН, БИДЕЈЌИ СТАРИОТ Е КАКО ОДРЖУВАЊЕ НА ОЛД ТАЈМЕР: Томовски со најава

САЕМ, ЖИЧНИЦА ОД БОЛНИЦАТА КОЗЛЕ И НОВ ВЛАДИН АВИОН, БИДЕЈЌИ СТАРИОТ Е КАКО ОДРЖУВАЊЕ НА ОЛД ТАЈМЕР: Томовски со најава

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување