Скокот на Феликс чини 50 милиони евра!
Објавено во: Стил
15 Октомври, 2012 15:26
Добивај вести на Viber
Само капсулата, падобранот и специјално дизајниранираниот скафандер со кои скокна 43-годишниот австриец, чинат 35 милиони евра, соопштува весникот „Die Presse“. Останатите 14 милиони евра се за соработниците на проектот - седум експерти, тројца од нив поранешни вработени на НАСА и на војската.
Со своето искуство Феликс Баумгартнер го подобри рекордот за скок од најголема височина и стана првиот човек којшто ја преминaл звучната бариера.
При падот, што траше 10 минути, Баумгартнер достигна брзина од над 1340 километри на час. Од НАСА и воздухопловните сили на САД се надеваат дека преку експериментот ќе добијат подобра претстава за безбедноста на пилотите, посебно ако во иднина има потреба од итно лансирање на вселенските бродови.
Во скафандерот на Феликс имаше специјални апарати, поставени за да се разбере што се случува со човечкото тело при преминување на звучната бариера. Весникот „Die Presse“ забележува дека заклучоците од експериментот, веројатно би биле применети само при крајно итни случаи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: