05 Декември, 2025
0.0451

Скопјанец со најголема заработувачка од 2,5 милиони евра во 2011

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2012 12:36

Добивај вести на Viber

Управата за јавни приходи соопшти - десетте најголеми заработувачки минатата година се остварени во Скопје. Првиот на листата има остварено 156 милиони денари, (2,5 милиони евра) највисок вкупен годишен бруто- приход во земјава. Според ранг листата, четворица граѓани пријавиле годишни приходи над 100 милиони денари. (1,6 милиони евра)
Најголеми плати во фармацевтскиот бизнис
Од десетте прво рангирани највисоки годишни бруто-плати, дури три се остварени од трговија или производство на фармацевтски производи и препарати, вклучувајќи го и прворангиораниот со заработени 68 милиони денари. (1,1 милион евра) Покрај банкарскиот сектор и телекомуникациите, кои и во изминатите години беа сектори каде се исплатени највисоките бруто-плати, за 2011 година за прв пат се појавуваат инженерството и месната индустрија. Највисокото “дополнително примање и надоместок од работен однос“ изнесува 57,7 милиони денари (938 илјади ева) на годишно ниво.
Заработувачката од берза драстично намалена
Капиталната добивка во 2011 години не им донела толку високи приходи на граѓаните како во изминатите години. 39.9 милиони денари (648 илјади евра) е највисоката пријавена капитална добивка за 2011 (продажба на хартии од вредност, учество во капитал и недвижен имот), за разлика од 140 милиони денари (2,2 милиони евра) пријавена во 2010. Високи позиции на оваа листа, покрај скопјани, заземаат штипјани и битолчани.
Договорите на дело и дивидендите најдоходовни во 2011
Според видови на приходи, од “повремено вршење на услуги по претходно склучен договор“ е остварен највисокиот поединечен приход за 2011 година и тоа 139,5 милиони денари, (2,2 милиони евра) а зад нив не заостануваат ниту приходите од “дивиденди и од учество во добивка“.
Битолчанец со најголема среќа
Најголема “среќа“ имал жител на Битола, кој освен највисок приход од игри насреќа и наградни игри во 2011 година има и најголема пријавена добивка по овој основ до сега. Добивката од игри на среќа изнесува 21,2 милиони денари. (344 илјади евра)
Пензионер од Скопје со годишен приход од 1,1 милион евра
Пензионер од Скопје, заедно со својата пензија и приходи по други основи, пријавил годишна бруто-заработувачка од 68,6 милиони денари (1,1 милион евра), додека негов сограѓанин само од пензија пријавил 3.091.171 денари (50 илјади евра) што претставува највисока годишна пензија пријавена во годишната даночна пријава.
Инаку, првиот даночник Горан Трајковски соопшти дека во 2011 се задржал трендот на пораст на даночна свест. Вкупно 205 илјади граѓани пријавиле дополнителни примања.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања