Скопјанка од лото ќарила 476 илјади евра, најбогат пензионер со 11 илјади евра месечно е штипјанец, а милионери се и 101 годишен човек и седумгодишно дете
Објавено во: Економија 24 Декември, 2020
Некогаш не треба само да знаеш како да работиш, туку и како да ти се паднат добитните комбинации во игрите на среќа.
Лани скопјанка заработила 476 илјади евра од лото, објави денеска директорката на УЈП Сања Лукаревска, на прес конференцијата по обработените годишни даночни пријави.
Штипјанец, пак, лани во земјава важел за најбогатиот пенизионер, кој зел годишен брито приход од пензија на сума од 131 илјади евра, или месечно 11 илјади евра. Роднините на овој пензионер исто така, сигурно се многу среќни луѓе.
Жотелка на Скопје, пак, од иплатена премија од осигурување лани добила вкупен прихд од 127 илкади евра.
Големи пари се вртеле и од други приходи, и тоа од продажба на отпад и слично.
Меѓу луѓето со највисоки приходи секако биле и нотарите, извршителите и адвокатите.
Тетовчанец доброволно го пријавил својот друг приход од над 2 милиони евра.
И други пикантерии откри списокот на УЈП за највисоките годишни приходи.
Па така, најстрарото лице кое има 101 година лани остварило приход над 1 милиони денари, а најстариот што бил уште побогат и остварил приход од над 10 милиони денари е граѓанин на 86 годишна возраст.
Најмладиот, пак, што е милионер и лани имал приход над 1 милион денари е роден во 2013 година и има само седум години.
Големи пари се заработувале и од капитални добивки, диводенди, но и во градежниот сектор.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.