01 Септември, 2024
0.0249

Скопје 2014: Јакнење на националниот идентитет, тенчење на буџетот!

Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Дојде и годината на Проектот “Скопје 2014”. Владата со реализацијата на овој голем проект почна во 2008 година. Уште на стартот не беше консензуално прифатен од стручната јавност но и од граѓаните, што се гледаше и од многубројните спроведени анекти, во кои проектот “Скопје 2014”, беше оквалификуван како најконтроверзен проект. Дел од архитектите и невладините организации остро реагираа на како што го нарекоа “силувањето на градот”, но  реализацијата продолжи, проектот постојано се надополнуваше со нови споменици и објекти, а оваа година треба да финишира неговата реализација. Во изминатите години имаше остри реакции од дел од експертите во однос на транспарентноста при реализацијата, конкурстите, тендерите, изборот на авторите и нивните хонорари и крајно изолирањето на граѓаните од целиот проект. Дел од стручната јавност смета дека станува збор за политика на насилство која преку уметноста ги присвојува стварноста и историските факти кои во неа се впишуваат. Со проектот од една страна се извршува системска репресија во однос на идентитетскиот избор, а од друга се симулира спас на нацијата и на општествениот систем, а правото на град, правото на урбан живот е укинато, вели Искра Гешовска, претседател на Контрапункт Јадро - Со лакрдијата наречена Скопје 2014 која, ако не знаевме кој ја смисли, и доколку опериравме со други референци од теоријата и историјата на уметноста ќе можевме да ја прогласиме за вистинска постмодерна карневализација на државноста и на моќта (за жал, тоа не е така), се отвора важно прашање кое кај нас стихијно, ад хок, тотално дезориентирано се ползува во политичките програми на нашите политички субјекти: дали на културата и е потребен национален идентитет? И што всушност значи националниот идентитет? Како тој се (де)конструира? Во какви историски рамки идентитетот се збогатува, станува нешто кое слободно се надополнува и гради, а кои општествени и политички контексти придонесуваат за негово назадување, петрифицирање и создавање поголема конфузија, па дури и раскол? Се разбира, идеолошката и политичката практика на моќта и на потчинувањето преку ентропиското ползување на уметничкото и естетското, е парадигматична за сите тоталитарни режими, па следствено и за нашиов псевдо-демократски, кој сета своја лага, сето свое насилие и бестијалност, сета своја невоспитаност и сета своја паноптикумска тортура ја прикрива зад проектот Скопје 2014. Креаторите на овој монструозен и девастирачки проект, кој е близу до генетски инженеринг, велат дека станува збор за илуминации на нашето историско и културно наследство, вели Гешовска. Што содржи проектот “Скопје 2014”? Проектот “Скопје 2014” содржи над 30 споменици, повеќе објекти во неокласицистички стил, но и стари реконструирани фасади на згради и објекти во истиот стилски правец, фонтани, врби, плоштади, мостови, хотели, изработени од над 20 автори. Агенција за електронски комуникации, Министерство за надворешни работи, Археолошки музеј, Стар театар, Музеј на македонската борба, Јавно обвинителство и финансова полиција,  се само дел од објектите, кои веќе се пуштени во употреба. Реализацијата е веќе при крај. Недовршени се објектот на Македонската филхармонијата, Народната банка на Македонија, Министерството за финасии, Уставен суд, Министерство за транспорт и врски. Како дел од проектот е реконструкцијата на фасадата на Градскиот трговски центар, Сити Галери, Метропол, сите згради во централното градско подрачје, шпанските скали со административниот објект на плоштадот Македонија, реконструкцијата на истиот плоштад со нова калдрма и фонтани( дел од парите ќе бидат од буџетот на Град Скопје),  двете административни згради до хотелот Бристол. За дел од нив пари се одвојуваа од буџетот на Град Скопје и општината Центар. Колку пари се потрошија во проектот “Скопје 2014”? Точната сума наменета за реализација на проектот “Скопје 2014”, сеуште не е позната. Во јавноста се шпекулираше со најразлични суми. Првично кога се најави проектот, од Владата изјавија дека неговата реалзиација ќе чини 80 милиони евра, но сумата неколкупати порасна. Во месец април лани, според јавниот отчет на министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, поранешниот градоначалник на општина Центар Владимир Тодоровиќ и директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Васе Доневски, се обелодени дека  сумата е поголема од првичо планираната и достигнала 208 милиони евра. Но  и ова не е финалната сума, бидејќи дел од проектот сеуште не е завршен. - Оваа собрана сума сега од 207.872.492 евра е надоградување, проширување на првичната визуелизација, но не се 500 милиони или една милјарда евра, тие шпекулации воопшто не држат и не се релевантни и виситинити, и затоа се кажуваме прецизно, со склучени договори, изјави во месец април 2013 година, изјави министерката Канческа Милевска. Најмногу пари за “Скопје 2014” се одвоиле во 2011 година, кога за проектот од буџетот се одвоиле 2,2 %. Во 2008 година кога почна реализација се одвоиле 0,5 %, во 2009 година 0,76%, 1,1% во 2010 година, во 2012 година 1,6 %, а лани 1,5%. Со Буџетот за 2014 година, за довршување на проектот се предвидени  30,4 милиони евра. Најскап објект од целиот проект е Стариот театар, чија сума од првично најавените 2,5 милиони евра, достигна фантастични близу 37 милиони евра. И во годинешниот буџет повторно се предвидени пари за овој објект и тоа 6,5 милиони евра. Еве дел од сумите: За 33 скулптури се потрошени близу 860 илјади евра, скулптурата Три врби чинела нешто повеќе од 270 илјади евра, Порта Македонија околу 5,1 милион евра, Музејот на македонската борба 13.346.969 евра, Македонска филхармонија 7.410.496 евра, МНР 19.251.506 евра, ентериерот и музејската поставка на Археолошкиот музеј чинат 8.174.496 евра, вкупната сума за Уставниот суд, Археолошкиот музеј и Државниот архив изнесува 27.597.681 евра. Според отчетот на поранешниот градоначалник на општина Центар Тодоровиќ, трошоците за спомен обележјата во оваа општина во кои влегуваат и хонорарите на авторите и трошоци за одржување изнесуваат 55 милиони евра. Сегашниот градоначалник на Центар спроведе ревизија Сегашниот градоначалник на општината Центар, Андреј Жерновски, спроведе ревизија на проектот “Скопје 2014”. Тоа беше и еден од главниот адут на Жерновски на ланските локални избори. Дури и ставовите на дел од аналитичарите се дека причинита за падот на поранешниот градоначалник Тодоровиќ, е токму начинот на кој овој проект се спроведуваше и парите кои се трошеа. “Извештајот за вклученоста на општина Центар во проектот Скопје 2014”, спорведен по барање на Жерновски, а изработен од Слаѓана Тасева и Драган Малиновски, беше претставен во два дела. Но, заклучокот и во двата извештаја беше дека  Комисијата утврдила незаконско работење и градење на меморијални споменици, зголемување на првично објавените пресметковни вредности на спомениците кои се разликуваат од оние во потпишаните договори, разлика во материјалите за лиење, неправилности во однос на тендерските постапки, договорите меѓу авторите и општината,  фаворизирање на одредени компании на тендерите и генерално сериозно прекршување на Законот за јавни набавки. Двата Извештаји се предадени во Јавното обвинителство, каков ќе биде епилогот и дали некој ќе сноси одговорност, допрва ќе се разгледува. За власта исплатлива инвестиција, за опозицијата беспотребно фрлање на пари Изминативе години не стивнаа препукувањата на релација власт-опозиција.  Опозцијата обвини дека се склучувани низа сомнителни анекс договори со милионски суми, особено за Музејот на македонската борба, Уставниот суд и Стариот театар. Од ВМРО ДПМНЕ ги отфрлија ваквите обвинувања и изјавија дека целиот проект е реализиран транспарентно и согласно законските прописи. Дел од економситите и опозицијата постојано апелираа дека во време на економска криза не треба да се трошат пари на споменици, но власта има поинакво гледање. Лани министерката за култура Канческа Милевска и поранешниот градоначалник Тодоровиќ, изјавија дека проектот се покажал како корисна инвестиција од неколку апсекти, и тоа поради зголемување на стапката на пораст во градежништвото за над 3% и зголемување на бројот на туристи кои го посетуваат Скопје. Чии агрументи се поиздржани, дали проектот “Скопје 2014” е исплатлива инвестиција или безпотребно трошење на народни пари, на крајот ќе проценат и почуствуваат граѓаните. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ФИЛИПЧЕ: Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати

ФИЛИПЧЕ: Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати

НЕВЕНЧАНАТА СОПРУГА МУ ГО ОШТЕТИЛА ВОЗИЛОТО: Неготинчанец пријавил во полиција

НЕВЕНЧАНАТА СОПРУГА МУ ГО ОШТЕТИЛА ВОЗИЛОТО: Неготинчанец пријавил во полиција

АПАСИЕВ ГИ СПОРЕДИ ИЗЈАВИТЕ ШАЌИРИ И ВЕСНА ЈАНЕВСКА: Се однесуваат на албанската паралелка во Чашка

АПАСИЕВ ГИ СПОРЕДИ ИЗЈАВИТЕ ШАЌИРИ И ВЕСНА ЈАНЕВСКА: Се однесуваат на албанската паралелка во Чашка

(ФОТО) ПОЖАРОТ НА ВОДНО Е ИЗГАСНАТ: Седум пожарникари со две возила го ставија огнот под контрола

(ФОТО) ПОЖАРОТ НА ВОДНО Е ИЗГАСНАТ: Седум пожарникари со две возила го ставија огнот под контрола

ГУЖВА НА ГРАНИЦА: Метеж на Богородица и Табановце

ГУЖВА НА ГРАНИЦА: Метеж на Богородица и Табановце