Skopje City Mall слави 13 години постоење - следи викенд исполнет со забава и големи попусти до 60 отсто
Објавено во: Мои пари 30 Септември, 2025 10:14
SkopjeCityMall оваа година одбележува 13 години постоење. По тој повод, од 3 до 5 октомври, сите посетители ќе уживаат во роденденскиот викенд со шопинг по намалени цени од 20% до 60%. Дополнително, ќе имаат можност да уживаат во богата програма со атрактивни концерти, креативни работилници и бројни изненадувања наменети за сите генерации.
Роденденскиот викенд започнува во петок со музика и забава низ целиот мол.
18:00 – 21:00 | ДЈ сет на Double G - прв кат кај Манго
18:00 – 21:00 | ДЈсетнаSlave -вторкаткајSportReality
19:00 – 21:00 | Свирка во живо со TrioZigot (MusicalMassage) кај детското игралиште од страната на Тренд Кафе.
Покрај музиката, посетителите ќе можат да уживаат во специјалната диџеј работилница со ДЈ Гоце, а за пауза помеѓу шопингот и забавата на располагање ќе биде релакс корнерот.
Во сабота забавата продолжува со енергија и музика низ целиот мол:
18:00 – 21:00 | ДЈ сет на Bruce - прв кат кај Манго
18:00 – 21:00 | ДЈ сет наOkyDoky - втор кат кај SportReality

По загревањето, ќе следува и главниот дел од прославата кој вклучува спектакуларен концерт на кровот на CityMall. Битолскиот камерен оркестар ќе настапи заедно со 13 веќе добро познати македонски музички имиња: Антониа Гиговска, Андријана Јаневска, Игор Џамбазов, Дарио, Дани Димитровска, Ѓоко Танески, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, Александар Тарабунов, Полина Тасева, Јана Бурческа, Наде Талевска и Пере од Нокаут.
Недела, 5 октомври, е целосно посветена на најмладите. Веселиот детски ден, модериран од Андреј Наунов, ќе донесе енергични настапи на танцовите студија ArtBallet, EattheBeat и Aqua. Најмладите исто така ќе можат да учествуваат во креативна работилница со глина, да гледаат едукативен детски театар и да проследат шоу со магични трикови. Роденденската атмосфера ќе ја заокружат најомилените Биби и Боби со нивната голема забавна програма.
Учеството во роденденските активности е бесплатно и отворено за сите посетители, а програмата ќе се одвива на повеќе локации низ молот. Сите љубители на шопинг и добра забава се добредојдени да бидат дел од оваа голема роденденска приказна.
Сите детали за настанот ќе бидат објавени на социјалните мрежи на Скопје Сити Мол.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





