Смарт Ливинг групацијата неодамна во друштво на соработници и клиенти, свечено го отвори новиот салон во Злокуќани, кој ќе ги обедини љубителите на добриот дизајн и мебел
Објавено во: Мои пари 16 Јуни, 2025 12:49
„Дизајн достапен секому“ е синтагмата која ја ставаат во фокус со отворањето на новиот простор, кој се протега на повеќе од 800м2, а каде мебелот, осветлувањето и декорациите ќе бидат достапни за сечиј буџет.
Воедно, со овој нов простор даваат можност луѓето да се запознаат со сите сфери на нивното дејствување, кога се ентериерите во прашање - сопствено производство и монтажа на мебел по мерка, ентериерно опремување, консултации...

„Во овој нов салон во Злокуќани, направивме одличен избор и комбинација на добар дизајн со пристапни цени, за секој да може да ја направи посакуваната промена во домот. Сакаме да ја кренеме свесноста дека ентериерот влијае на квалитетот на животот и расположението на поединецот. Затоа, една од нашите цели е да им помогнеме на луѓето да создадат среќен животен и работен простор. Секојдневно сме опркужени со негативни вести, се добива впечаток како ништо убаво да не се случува во градот и државата, па се надеваме дека со Смарт Ливинг дизајн-центарот ќе поттикнеме еден нов бран на позитивност!“, велат од групацијата.
Инаку, во овој контекст, освен како салон за мебел, овој простор е замислен и како место кое може да послужи за културни случувања и настани, односно центар кој ќе спои различни типови дизајн и уметност.

По повод отворањето во моментов имаат попусти на outdoor колекцијата до -30% проценти, а на одредени производи и до -50% што е уште една причина да се прошетате до нивната нова локација на Скупи 28, веднаш над еден од големите маркети во Злокуќани.
„Многумина нѐ прашуваат и за салонот на Варшавска 1 во Тафталиџе, па да нагласиме дека тој секако продолжува да работи. Овој наш веќе добро познат простор останува да биде местото каде што се изложени производите од европските брендови чии ексклузивни застапници сме“, посочуваат од Смарт Ливинг.

Инаку, Смарт Ливинг групација постои од 2010 година. Ја сочинуваат компанијата Смарт Ливинг, со два салона за продажба на мебел, осветлување и декорации, но и сопствено производство и монтажа на мебел, потоа архитектонското студио Суперблок и германскиот бренд КАРЕ. Исто така, тие имаа и своја веб продавница, www.smartliving.mk, каде исто така може да се информирате за нивната понуда и актуелни акции.
„Создадовме продажни салони кои ќе ви го скрати времето за шетање и каде ќе можете да најдете сѐ за просторот што сакате да си го уредите. Дизајнот е дома, па се гледаме на релација Тафталиџе - Злокуќани!“, посочуваат за крај од Смарт Ливинг.
ПР објаваГАЛЕРИЈА
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час
Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето
„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка
Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања
Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна
Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници
Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари
ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ





