05 Декември, 2025
0.0414

Скопје е далеку од Сараево и Загреб, ќе немаме ски центар близу главниот град!

Објавено во: Македонија 09 Мај, 2013 08:10

Добивај вести на Viber

Нема заинтересирани фирми за изградба на ски патеки на Водно. Со ова, паѓаат во вода надежите на Скопјани дека на планината ќе никне модерен ски центар. На тендерот што го распиша Град Скопје за јавно-приватно партнерство за изградба, управување и одржување на ски-патеки на планината не се пријави ниту една компанија. Од Градот велат дека се уште не е одлучено што понатаму ќе се прави.
„Откако ќе ги разгледаме сите услови, ќе одлучиме дали да се оди на нов тендер или пак идејата ќе се стави во мирување, велат од Град Скопје.
Претходната замисла предвидуваше дека на Водно ќе се гради современ и модерен скијачки комплекс којшто ќе ги задоволи највисоките светски стандарди за ваков вид на објекти. Според условите во јавниот повик, се планираше изградба на на 4 ски патеки на Водно, со вкупна должина од 3850 метри, три ски лифта, со должина од 1350 метри, два подвижни тепиха со должина од 160 метри, еден ресторан од 200 метри квадратни, административна зграда со ресторан, ски рента и ски школа од 240 метри квадратни,  моторни санки заклучно со сервис, прва помош, пумпна станица за системот за технички снег, ски патрола, акумулација вода и систем за технички снег. Приватниот партнер, што ќе достави најповолна понуда, според распишаните услови беше должен да ја изгради патеката, да ја управува и одржува во следните 25 години. Концесискиот надоместок ќе се плаќа на годишно ниво во износ од 1% од вкупниот годишен приход утврден врз основа на официјални годишни финансиски извештаи на приватниот партнер. Сепак неатрактивноста и веројатно, тешката исплатливост на проектот си го направи своето, па фирмите не се пријавија на тендерот. Ј.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите