16 Јануари, 2025
0.0285

Скопје ќе добие нови паркинг места, почна изградбата на катната гаража „Мал ринг“

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Почна изградбата на катната гаража „Мал ринг“ со што центарот на Скопје  за две години ќе добие уште 170 нови паркинг места. Катната гаража е во непоседна близина на Музејот на холокаустот. Во изградбата на катната гаража, за која денеска беше поставен темелник,  Акционерското друштво за  изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, ќе инвестира 273 милиони денари. Новиот објект ќе опфаќа вкупна површина од 10.037 метри квадратни. „Мал ринг“ е последната катна гаража што почна да се гради од седумте  такви објекти што  пред две години заеднички ги најавија Владата, Градот Скопје и Општина Центар за средување на хаосот со недостиг од паркинг-места во центарот на главниот град. „За две години ја почнуваме последната  од седумте планирани  катни гаражи. Шест од катните гаражи веќе се градат. Една е пред пуштање, уште една ќе биде завршена целосно за два до три месеци и се надевам дека до крајот на годината ќе бидат готови уште една до две катни гаражи. Со задоволство можам да кажам дека  проектот е успешен, иако не се завршени за сите е обезбедена финансиска конструкција, склучени се сите договори и градбата тече без некои сериозни проблеми“, истакна на свеченоста за поставување на камен темелникот премиерот Никола Груевски. Тој нагласи дека локацијата на новата катна гаража ќе ја оправда инвестицијата бидејќи, како што рече, е во близна на главниот плоштад на Скопје, на плоштадот „Карпошово востание“ што се гради, на многу ресторани, на Градскиот трговски центар, на театарот што наскоро ќе биде  пуштен во употреба, на музеите, на многу државни институции и многу знаменитости вклучувајќи ја и старата скопска чаршија. Покрај функцијата за паркирање, новиот објект има и  мултифункционален деловен простор сместен во периферните делови, во  краците на приземјето и на двата ката. Паркирањето е сместено во кружно јадро и  се простира од кота – 3 метри  па се до кота + 20,70 метри. Објектот има едно подземно  ниво до кое се стигнува преку новопланираната улица во таа област. Паркирањето во оваа гаража, според проектот,  поради големината и типот на урбанистичката  маркица,  за разлика од останатите катни гаражи кои се градат, е решено во кружно јадро и е спирално, што на  објектот му дава специфичен облик. Изведувач на градежните работи е фирмата „Ламоне Мореда“, а проектант „ГМС Преоекст“ Скопје  

Можеби ќе ве интересира

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено