13 Декември, 2025
0.0435

Скопје не стана Зелена престолнина, а невладините очекуваат зимава да биде најзагаден град

Објавено во: Македонија 12 Септември, 2019 06:55

Добивај вести на Viber

Градот Скопје аплицираше, но не успеа да стане Зелена престолнина за 2021 година.

Од О2 Иницијатива вчера на социјалните мржеи обвинија дека градските власти оваа информација ја имаат уште во април, но не ја споделуваат со јавноста. Тие го опишуваат Скопје како загаден град, на кој реално според нив, не му е местото во друштво на зелени градови.

„Гледајќи ги категориите кои Европската Комисија ги оценувала и споредувајќи ја состојбата на терен, видлива од сопствените прозори, можеме само да заклучиме дека Скопје уште долго нема да биде зелен, ниту како град, ниту престолнина. Скопје единствено и оваа зима ќе може да ја носи круната на најцрн, најзагаден град на светот“, наведуваат од О2 Иницијативата.

Тие сметаат дека Скопје уште многу долго ќе треба да работи за да биде во рангот на зелените градови. Изборот е направен врз основа на повеќе критериуми како чистота, бучава, квалитет на воздух, адаптираност на климатски промени и други фактори.

Од Град Скопје велат дека фактот дека се влезени меѓу 8-те градови за избор на Зелена престолнина за нив е успех.

„Градот Скопје аплицираше за Зелена престолнина во 2021 година и успеа да влезе во потесниот избор од 8 европски градови кандидати, но не и во првите три места. Пласманот на Град Скопје меѓу 8 европски градови кои претендираа за Зелена престолнина во 2021 година е успех и преставува признание на заложбите на Град Скопје за креирање и имплементирање на зелени политики, односно напредокот во подобрувањето на животната средина. Со поднесувањето на апликацијата за ова признание, Градот Скопје покажа стратешка определба да преземе конкретни чекори за почиста и поздрава животна средина“, објаснуваат од Град Скопје.

Претходно градоначалникот Петре Шилегов најави растоварување на градскиот метеж и намалување на емисиите на издувни гасови, со што изрази надеж дека главниот град ќе стане Европска зелена престолнина за 2021.


Во топ три изборот се најдоа градовите Лахти во Финска, и Лил и Стразбур во Франција.

За да влезат во потесен избор, од Балканот во игра беа Тирана и Будимпешта, но тоа не се случи.

Наградата Европска зелена престолнина досега ја добија градовите Стокхолм (2010), Хамбург (2011), Викторија – Гастејс (2012), Нант (2013), Копенхаген (2014), Бристол (2015), Љубљана (2016), Есен (2017), Најмиген (2018), Осло (2019) и Лисабон (2020)

Сања Атанасовска

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

КАБИНЕТОТ НА ГАШИ ЗА ОДЗЕМАЊЕТО НА ИНУМИТЕТОТ НА ЈАНЧЕВ: Барањето е доставено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

КАБИНЕТОТ НА ГАШИ ЗА ОДЗЕМАЊЕТО НА ИНУМИТЕТОТ НА ЈАНЧЕВ: Барањето е доставено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?

АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?

ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст

ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст

ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила

ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила

Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел

Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“

БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс

Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс