„СКОПЈЕ СЕ РАЗБУДИ“: Мециновиќ за вториот круг: Го дочекавме денот кога ВМРО и СДСМ нема да ни бидат судбина
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2025 00:56
Денеска не само што Левица влезе во втор круг, туку денеска се разбуди Скопје. Денеска граѓаните на Скопје покажаа храброст дека се спремни да изберат поинаку. Денеска Левица испиша историја затоа што првпат во историјата на Македонија, во главниот град имаме кандидат кој не е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, рече кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ.
„Влеговме во вториот круг затоа што илјадници луѓе во Скопје охрабрија да застанат на страната на промената. Влеговме во втор круг заота што скопјани го сакаат својот град. Сакам да посочам дека имаме јасен избор - едната визија, која 35 ја имаме во Македонија, коруптивна, криминална, и оваа визија која е наша визија, за град во кој сите ќе сакаме да живееме“, рече Мециновиќ.
Вели дека Скопје сака да биде слободно, ослободено од оние кои не ги интересира ништо за скопјани.
„Во второто полувреме ќе ја победиме онаа визија која 30 години ни ги крои судбините. Скопје во наредните недели ќе одлучи за својата судбина и веќе никогаш ништо нема да биде исто. Придружете ни се, ова не е борба на еден човек, на една партија. Ова е борба на повеќе генерации, борба која 30 години Македонија ја чека. Го дочекавме денот кога ВМРО и СДСМ нема да ни бидат судбина. Сите кои се разочарани ги повикуваме да ни се придружат. Ова е наша борба, наша приказна, за нашето Скопје“, вели Мециновиќ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





