06 Декември, 2025
0.0407

Скопје станува центар на современата кардиологија - започнува Регионалната школа за срцева слабост

Објавено во: Мои пари 25 Септември, 2025 11:17

Добивај вести на Viber

Денеска во Скопје започнува Регионалната школа за срцева слабост, настан од исклучителна важност на кој свое предавање ќе имаат 22 врвни професори кардиолози од цела Европа, а ќе обедини повеќе од 150 доктори и специјалисти по кардиологија. Овој уникатен собир претставува точка на средба на најеминентните имиња од светската и регионалната медицинска кардиолошка пракса кои ќе ја пренесат својата експертиза и ќе дискутираат за најновите трендови во дијагнозата и третманот на срцевите заболувања и срцевата слабост. Преку своето присуство, тие ја потврдуваат важноста на школата како едукативна и научна платформа што го става Скопје на мапата на центри на знаење во кардиологијата.

Организатор на школата е Македонското здружение по кардиологија во соработка со Асоцијацијата за срцева слабост (Heart Failure Association – HFA), како и со реномираните центри Zurich Heart House и London Heart House. Раководители на програмата на Регионалната школа за срцева слабост и клучни предавачи се доц. д-р Тања Анѓушева, член на Управниот одбор на Македонското здружение по кардиологија, проф. д-р Јорго Костов, претседател на Македонското здружение по кардиологија и еминентниот швајцарски професор Томас Ф. Лушер, директор за истражување, едукација и развој и консултант по кардиологија во „Ројал Бромптон и Харфилд Хоспитал Траст“ и „Империјал колеџ“ во Лондон и директор на Центарот за молекуларна кардиологија на Универзитетот во Цирих. Дополнително, предавачи од Велика Британија, Германија, Швајцарија, Италија, Турција, Холандија, Словенија, Шведска, Норвешка, Србија и Бугарија ќе го споделат своето знаење со македонските колеги, отворајќи нови перспективи за третман и истражување.

Едукативната компонента е срцето на овој настан. Настанот е осмислен не само како место за предавања, туку како вистинска академија за учење и размена на искуства. Преку интерактивни сесии, практични работилници и дискусии за теми како што се срцевата слабост како глобална епидемија, улогата на исхраната и физичката активност, поврзаноста на хипертензијата и срцевата слабост, дигиталната медицина и новите фармаколошки третмани, учесниците ќе имаат можност да ги унапредат своите знаења и да стекнат вештини со кои ќе придонесат за подобра грижа кон пациентите.

Регионалната школа за срцева слабост не е само медицинска конференција – таа е платформа што ја гради иднината на кардиологијата во Македонија и регионот. Преку собирот на 22 европски професори и повеќе од 150 локални и регионални специјалисти, Скопје станува симбол на соработка, знаење и посветеност кон здравјето.Овој настан ја отвора вратата за долгорочни партнерства и континуирана едукација, испраќајќи порака дека кардиологијата е наука која не познава граници и која својата сила ја црпи од заедничката работа и размената на искуства. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј