05 Декември, 2025
0.1140

Скопје, театар на кичот или туристичка атракција!

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2013 19:52

Добивај вести на Viber

Новата неокласицистичка фасада на државната компанија за пренос на струја МЕПСО, денеска доби зелено светло од Советот на општина Центар. По жолчната расправа меѓу советниците ВМРО –ДПМНЕ и советниците од СДСМ, владејачкото мнозинство ја изгласа Програмата за промена на фасадата на овој објект на плоштадот Македонија. За опозициските советници образложението дека со оваа фасада е енергетски ефикасна, е неосновано. На гласањето му претходеше остра расправа меѓу советниците, едните го бранеа барокот, другите го критикуваа. Промената на фасадата на МЕПСО само ја прели чашата кај опозициските советници, па расправата се насочи кон целиот проект Скопје 2014. -Од Мал ринг направивме куклен театар. Срам ме фаќа кога ќе ги видам тие израстоци на „Скопје 2014“.Нема што повеќе да се проектира, остана уште Вардар. Четри години ве убедувавме дека Мал ринг е спротивен на урбанистичкиот план и сега повторно наметнувате нова фасада на МЕПСО со цел усогласување со контекстот. Со кој контекст? Со каков? Сé со цел да се задоволи еден субјект , изајви архитектот и советник од СДСМ во општина Центар, Јован Тагасовски Но, за владејачкото мнозинство нема ништо спорно ниту во фасадата на МЕПСО ниту во целиот проект Скопје 2014. Дали е добар или не ќе пресуделе граѓаните. -Со проектот „Скопје 2014“ центарот на градот доби нови изглед. Нормално е да има и негативни критики, но вие од старт со сите сили го напаѓате проектот. Треба да се задоволи јавниот вкус и важно е што мисли поголемиот дел од популацијата. Кога туристи ги посетуваат градовите во странство, тие не одат да ги видат модерните градби, туку архитектурата на старите векови, изјави градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ. Членовите на опозициските советници веќе четири години гласаат против промената на фасадите и проектот Скопје 2014. Според нив општината се користи само како тело преку кое треба да поминат идејните решенија, а дека сите идеи од проектот се дело на лични интереси на некој кој не знае што е современа архитектура. Според идејното решение неокласицистичката фасада на МЕПСО ќе биде збогатена со повеќе антички столбови. Засега не се знае колку ќе чини реконтрукцијата, а дополнително во претстојниот период треба да се избере и изведувачот, кој треба во рок од година и пол да ја заврши обновата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип