16 Јануари, 2025
0.0385

Скопска Топлификација ќе ја крои гасификацијата на Македонија

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Владата детално ги прецизираше условите, кои компании можат да конкурираат на тендерот. Од понудувачите меѓу другото бараше да имаат најмалку 5 изработени студии за гасификација со слична содржина и обем во последните пет години, како и минимален вкупен годишен приход од речиси 5 милиони евра за последните три години, за секоја година поединечно. Топлификација Инжинеринг ДООЕЛ Скопје во конзорциум со фирмите Градежен Институт од Македонија и Еврогаз од Бугарија ќе ја осмислуваат националната дистрибутивна гасоводна мрежа. Овој конзорциум победи на последниот тендер на Министерството за транспорт и врски за избор на фирма која ќе изготви Физибилити студија за развој на дистрибутивната гасовдна мрежа во земјава. Со понудените околу 922.000 евра (56.695.000 денари) Топлификација Инжинеринг, Градежниот Институт и бугарски Еврогаз ќе треба да му испорачаат на Министерството за транспорт и врски студија, која ќе ги покаже условите за временска реализација на дистрибутивните гасоводи за определени региони или општини во Македонија, како и дефинирани приоритетни региони и општини за најбрза реализација на гасификацијата. Оваа физибилити студија треба да и послужи на Владата за да најде модел за идни финансирања на доградба на диструбитивниот систем (издавање под концесија, јавно привано партрество или други начини). “Во тек е рокот за жалба на одлуката за избор на најповолна понуда. Согласно условите од тендерската документација, најповолниот понудувач ќе има обврска Физибилити студијата да ја изработи во рок од 8 месеци од денот на потпишување на договорот“, велат за Фактор од Министерството за транспорт и врски. Што ќе содржи студијата за гасификација на Македонија?!  Конзорциумот на чело со компанијата за проектирање, инженеринг, трговија и транспорт – Топлификација Инжинеринг победи во конкуренција на 4 други фирми, откако на претходниот тендер за изработка на Физибилити студијата за развој на дистрибутивната гасоводна мрежа во земјава неколкуте добиени понуди Министерството ги оцени како неприфатливи. “Задача на Проектната програма е да се предвидат колку е можно подетално сите натамошни чекори за проектирање, инвестирање и изведба на дистрибутивните гасоводи. Потребна е анализа на регионалните  услови за развој на дистрибутивната мрежа на гасоводниот систем од економски и технички аспект, анализа и предлог за начин на развој и доизградба на дистрибутивните мрежи на гасоводниот систем имајќи ги предвид законските, институционалните и политички услови во државата, како и да се испитаат можностите за поврзување на дистрибутивните гасоводи кон магистралните гасоводни правци кои се изведени, ќе се изведуваат или се проектирани кај нас, за согледив период од 20-30 години“, пишува во тендерската документација за проектот. Владата детално ги прецизираше условите кои компании можат да конкурираат на тендерот. Од понудувачите бараше да имаат најмалку 5 изработени студии за гасификација со слична содржина и обем во последните 5 години (од кои најмалку 2 треба да се со меѓународно искуство), во последните 5 години да има искуство во проектирање на гасни инсталации (нископритисни гасоводи и гасни инсталации во индустрија), најмалку 10 проекти за што како доказ треба да достави потврди од нарачател за квалитетно извршени услуги. Исто така, од потенцијалниот изработувач на оваа студија Владата бараше и доказ дека во фирмата работат најмалку 10 вработени од кои најмалку 4 машински инженери со овластувања А за проектирање од област “машинство“, 4 архитекти со овластувања А за проектирање од област “градежништво“, еден дипломиран геодетски инжинер со овластување А за проектирање од област геодезија и еден инжинер со овластување А за противпожарна заштита. Како услов за учество беше и фирмата понудувач да има минимален вкупен годишен приход од речиси 5 милиони евра (300.000.000 денари) за последните 3 години, за секоја година поединечно. К.П.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби