Летово Скопјани ќе добијат Аква парк, инвестицијата чини 4,2 милиони евра
Објавено во: Македонија 06 Јануари, 2013 21:45
Започна изградбата на првиот скопски Аква парк која ќе се простира на површина од 12.000 метри квадратни, а ќе биде во состав на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ .
Проктот ќе чини 4,2 милиони евра и треба да биде готов до почетокот на летово. Според проектот, чиј автор е фирмата Темон, треба да се изградат 10 тобогани, базен за деца, базен со бранови, мрзлива река, административна зграда со ресторан, кафе бар, санитарни јазли, соблекувални и прва помош. Исто така , под самиот објект ќе има стандардизирани машински сали и современ систем за филтрација на водата.„Аква паркот ќе претставува вистинска атракција за жителите на Карпош и на Скопје, но и пошироко за сите домашни и странски туристи, рече премиерот Премиерот Никола Груевски кој присуствуваше на поставувањето на камен темелникот на Аква Паркот.
Според директорот на СРЦ „Борис Трајковски“ Ратко Капушевски, се очекува инвестицијата од 4,2 милиони евра потребна за изградба на Аква паркот да се врати назад за 6 до 10 години. Исто така, најави тој, ова ќе биде директен импут за развој на туризмот и локалниот економски развој на општина Карпош, а ќе овозможи и сезонско вработување за 35 лица со лиценци за спасување.
Како изведувачи на градежните работи турската компанија Полин , компанија која има реализирано преку 2.000 аква паркови ширум светот, како и Жикол од Струмица и Електроунион од Скопје. 3д визуализација на Проектот на WAHOOO! Aqua Park http://www.youtube.com/watch?v=zxANuuULhfk* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино





