05 Декември, 2025
0.0394

Скроен планот за обнова на Трескавец, уште да се соберат пари!

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2013 20:39

Добивај вести на Viber

Се крои планот за обнова на манастирскиот комплекс Трескавец. На состанокот во Прилеп на кој присуствуваше и министерската за култура Елизабета Канческа-Милевска, беа конкретизирани чекорите за обнова на изгорените конаци.

„Прво ќе се расчистат изгорените ѕидови на конаците. Локалните власти заедно со Македонската православна црква ја организираат акцијата која е прв нареден чекор. Прилепскиот завод и музеј за рекордно време го направи идејниот проект. На манастирот ќе му се обезбедат: армирано бетонска конструкција со дрвена обмотка за да се задржи автентичноста на конаците, систем за дојава на пожар, хидрантска противпожарна мрежа  и каптажа и резервоар за собирање на водата. Потоа ќе се изготви  основниот проект кој ќе оди на ревизија. Откако ќе помине и таа фаза, ќе се распише тендерот за изведувач на работите“, изјави Канческа-Милевска.

Прилепската локална самоуправа најави дека заедно со МПЦ го почне да работи на обновата штом времето ќе го дозволи тоа. „Завршен е планот за демонтирање на опожарените ѕидови на конаците. Тие мора да се срушат зашто се опасни. Тоа ќе го направиме веднаш штом дозволат приликите зашто во овој момент кај манастирот  има снег. За ова локалната самоуправа од буџетот издвои еден милион денари“, изјави градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески. Од Министерството за транспорт и врски пак е дадена цврста гаранција дека изведувачот „Гранит“ до крајот на август ќе го изгради патото од 7,5 километри до манастирот за потоа да почне обновата на конаците. Хуманитарен концерт за манастирот Вечерва во Центарот на културата „Марко Цепенков" во Прилеп, ансамблот Танец одржува концерт. Гости се и  Блага Петревска и Сузана Спасовска. Влезницата чини 100 денари, а ќе може да донираат и оние што нема да присуствуваат на овој настан преку отворената телефонска линија на директниот телевизиски пренос. Во рамките на акцијата „Kултура во пресрет на манастирот Трескавец", Театарот комедија ќе ја одигра претставата Женидба во режија на Дејан Пројковски. Од локалната самоуправа исто така отворија сметка на која сите граѓани ќе може да донираат пари за обнова на Трескавец.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија