19 Декември, 2025
0.0434

Скромен месечен раст на цените на индустриските производи

Објавено во: Економија 15 Април, 2013 18:47

Добивај вести на Viber

Пад за 2 процента на годишно ниво бележат продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари, објави денеска Државниот завод за статистика според податоците добиени за месец февруари. На месечно ниво пак се бележи раст за 1,2 отсто.

Во споредба со јануари 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,4 отсто, додека во секторот Преработувачка индустрија за 1,2 отсто. Во споредба со февруари 2012, продажните цени се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 7,3 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 2,9 проценти.

Раст од половина процент на цените на производителите

Од друга страна пак продажните цени на производителите на индустриски производи во февруари годинава се повисоки за 0,5 отсто на месечно ниво, односно за  0,1 процент на годишно ниво.

Во споредба со јануари 2013, раст на продажните цени има во секторот Рударство и вадење камен за 1,4 отсто и во Преработувачка индустрија за 0,5 отсто. Во споредба со февруари 2012, продажните цени се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 5,4 отсто, во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 1,3, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 14,9 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд