Слаб земјотрес во Скопје, почувствуван во Косово и Србија
Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2016
Слаб земјотрес утрово го стресе Скопје.
Потрес со јачина од два степена по Рихтеровата скала е регистриран рано утринава во 3.11 часот во Скопје.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот бил почувствуван во Скопје и околината со интензитет од три до четири степени по Европската макросеизмичка скала.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа во источниот дел на Скопското епицентрално подрачје.
Земјотресот бил на длабочина од 2 км. Истиот е почувствуван и во делови на Косово и Србија.
Утрово повеќе земјотреси имало во Грција, Италија, Кипар, Турција и други земји.
Земјотрес од 5,3 степени според Рихтер го потресе централниот дел на државата Оклахома, соопшти геофизички институт на САД, цитиран од АП.