10 Декември, 2025
0.0783

Слаба продажба на првиот таблет на „Microsoft“

Објавено во: Свет 12 Ноември, 2012 09:24

Добивај вести на Viber

Продажбата на „Surface RT“, првиот таблет на „Microsoft“ е помала од очекувањата. Иако компанијата не дава официјални податоци за продажбата, според изјавата за францускиот весник „Le Parisien“ од страна на извршниот директор Стив Балмер, тој зборува за "скромен почеток". Според компанијата,  уредот се продава само преку интернет „Microsoft Stores“, каде сепак честопати недостигаат парчиња. Ова според Балмер е добар знак, но „Microsoft“ треба  брзо да дејствува и да го реши овој проблем. Стив Балмер потсетува дека по „Surface“ се подготвува и ќе следи пазарната премиера на помоќната верзија на таблетот, која ќе понуди екран со висока резолуција и помоќен процесор, развиен од „Intel“. Станува збор за „Surface Pro“, кој ќе ја користи и целосна верзија на „Windows 8“. Главниот извршен директор на софтверскиот гигант информираше и дека за првите три дена од стартот, компанијата продала 4 милиони софтвери „Windows 8“. Во меѓувреме, се појавија коментари од неколку корисници на таблети кои пишуваат за дефекти во квалитетот на капакот на тастатурата. Сепак „Microsoft“ брзо  реагираше и најави дека веднаш ќе направи замена доколку се забележат проблеми кај таблетот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина

ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина

Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск

Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск

НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“

НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон