28 Септември, 2024
0.0283

СЛАВЧО ПОПОСКИ: Искористете го убавото време, за викендот нови непогоди и пад на температурите

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски им советува на граѓаните да го искористат убавото време, затоа што за викендот ќе настапи промена. 

До петок времето во Македонија ќе се задржи како што доликува за овој период од годината, а тоа е топло време со летни температури на воздухот и повеќе сонце. 

„Сепак екстремно топло време нема да имаме, и максималните дневни температури на воздухот низ Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени. Сепак УВ индексот ќе биде многу висок и ќе изнесува коефициент некаде околу 8. Во Скопје  и околината температурата овие денови ќе се искачува во интервалот помеѓу 30 и 32 степени. Сепак особено во планинските региони овие денови ќе има услови за локална појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Под влијание на голема влажна и нестабилна воздушна маса од северозапад, за време на викендот повторно во Македонија ќе имаме многу нестабилно време, со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради загреаната атмосфера, и исполнета со многу енергија поради топлотниот Африкански бран, на повеќе места повторно ќе има појава на поизразено невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на град и истиот би можел да биде од поголема величина“, вели Попоски. 

За време на викендот очекуваме и пад на температурите на воздухот, како и северен ветер и тоа поради продорот на посвежа воздушна маса од север. Поради очекуваните интензивни врнежи, повторно ќе постои опасност од нови поплави и излевања на некои реки низ државава. Токму поради ова на граѓаните им препорачува да бидат крајно претпазливи. .

Опасност од ново невреме и локални поплавувања за време на викендот ќе има и во Скопје  и околината.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“