30 Септември, 2024
0.0421

Славчо Попоски најави дека најмногу снег ќе наврне во западните делови

Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски најави дека најмногу снег ќе наврне во западните делови, а порача граѓаните да внимаваат на голомразица. 

Утре на големиот Христијански празник Богојавление – Водици и во четврток во текот на денот времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево. Наутро ќе биде многу студено и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.

„Под влијание на влажен и студен воздушен бран, во текот на ноќта четврток кон петок, како и во петок ќе има врнежи од снег, поинтензивни во западните предели каде снежна покривка ќе се формира и на пониските места, а на планините истата ќе се зголеми. Тенка снежна покривка ќе се формира и во останатите места, освен во Повардарието и во југоисточните предели, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието. Потоа за време на викендот се уште ќе има услови за локални слаби врнежи од снег. Наутро ќе биде особено студено и минималните температури понекаде ќе се спуштат под -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -6 до 2 степени. И во Скопскиот регион утре и во четврток времето ќе биде стабилно, суво и сончево. Во текот на ноќта четврток кон петок, а особено во петок ќе има повремени врнежи од снег, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до -4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 4 степени“, вели Попоски. 

Додава дека за време на овој влажен бран кој ќе ја зафати нашата држава, можно е накратко на некои ниски места да има врнежи од дожд и снег и истите набргу ќе преминат во врнежи само од снег. Порачува возачите да бидат крајно претпазливи доколку се движат низ планинските превои или одат кон скијачките центри. Крајно претпазливи да бидат и пешаците.

Можеби ќе ве интересира

ОСТАНУВАМЕ ВО ЧЕКАЛНАТА НА ЕУ: Од невладиниот сектор се загрижени дека ќе секнуваат финансиите и можностите за соработка

ОСТАНУВАМЕ ВО ЧЕКАЛНАТА НА ЕУ: Од невладиниот сектор се загрижени дека ќе секнуваат финансиите и можностите за соработка

БАЛКАНЦИТЕ ВЕЌЕ ВО ПАНИКА ЗА ЕТИАС: Новите правила за влез во ЕУ ги загрижија граѓаните, без дозвола нема влез во ЕУ земјите!

БАЛКАНЦИТЕ ВЕЌЕ ВО ПАНИКА ЗА ЕТИАС: Новите правила за влез во ЕУ ги загрижија граѓаните, без дозвола нема влез во ЕУ земјите!

ЕВЕ ЗОШТО ГАЛЕТАНОВСКИ СИ ДАЛ ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОРКАТА ПОЗИЦИЈА НА ЗОО: „Јас не оставам на случајност институција каде живеат 260 врсти животни и 60 вработени не планирам“

ЕВЕ ЗОШТО ГАЛЕТАНОВСКИ СИ ДАЛ ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОРКАТА ПОЗИЦИЈА НА ЗОО: „Јас не оставам на случајност институција каде живеат 260 врсти животни и 60 вработени не планирам“

НИКОЛОСКИ ГО ПОКАЖА АВТОПАТОТ ТЕТОВО - СКОПЈЕ: Еве како изгледа по засиленото темпо на работа

НИКОЛОСКИ ГО ПОКАЖА АВТОПАТОТ ТЕТОВО - СКОПЈЕ: Еве како изгледа по засиленото темпо на работа

НЕВРЕМЕ НА КРСТОТ НА ВОДНО ГИ ИСПАНИЧИ ПОСЕТИТЕЛИТЕ: Еве какво беше вчера на врвот

НЕВРЕМЕ НА КРСТОТ НА ВОДНО ГИ ИСПАНИЧИ ПОСЕТИТЕЛИТЕ: Еве какво беше вчера на врвот

ТАТКОТО НА ГЕРАСИМОВСКИ, ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА СТАТИСТИКА ГО ПРОСЛАВИ 75-ТИОТ РОДЕНДЕН: „Среќен да си татко“, му порача градоначалникот на Центар

ТАТКОТО НА ГЕРАСИМОВСКИ, ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА СТАТИСТИКА ГО ПРОСЛАВИ 75-ТИОТ РОДЕНДЕН: „Среќен да си татко“, му порача градоначалникот на Центар

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле