19 Декември, 2025
0.1479

СЛАВИМЕ 145 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: Тој не замислуваше ваква Македонија!

Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2017 10:29

Добивај вести на Viber

Македонија денеска слави 145  години од раѓањето на Ѓорѓи (Гоце) Делчев (Кукуш, 4 фебруари 1872 – с. Баница, Серско 4 мај 1903) – идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење во крајот на XIX и почетокот на XX век.

Бил рожба на својата епоха, кој го изразувал стремежот на македонскиот народ за ослободување од отоманското ропство. Израснат врз идеите и искуствата на европските и балканските револуционерни демократи, тој сиот свој животен пат и го посветил на македонската национална револуција. 

Како просветител и ревулуционер, идеен и воен лидер, воспитувач на првите чети и војводи, зaдграничен преставник, уставотворец и државник, тој бил еден од најголемите револуционери на Македонската револуционерна организација. Гоце бил апостол на македонскиот народ во борбата за самостојност и за национална држава.

Се школувал во Кукуш, каде што завршил прогимназиско образование  во учебната 1886/87 година.  Година  дена подоцна Гоце го напушта Кукуш и се запишува во IV клас на Солунската машка гимназија “Св Кирил и Методиј”. Близу половината ученици од класот биле дојдени од разни прогимназии од Македонија, меѓу кои се разменувала литература со социјалистичка содржина. Набрзо како ученик во солунската гимназија тој ја согледал ропската положба на македонскиот народ и со младински жар ги усвојувал основите на револуционерната филозофија.

Неговото име стана легенда вткаена во свеста на македонските народни маси. Неговото име ги возбудуваше македонските поколенија, со тоа име македонските прогресивни сили ја водеа во сосема нова општествено-политичка ситуација борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.

Неговите посмртни останки прво се чуваат во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чува во домот на Михаил Чаков, а на него пишувало:

„Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребани во главниот град на независна Македонија.

Август 1923, Илинден“.

Заветот е исполнет и на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас.

Меѓутоа, Гоце Делчев не замислуваше Македонија чиј народ е омразен и поделен, туку поддржуваше сплотеност.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината