СМС банкарство од Охридска банка Сосиете Женерал – Следете ги вашите пари преку мобилен телефон
Објавено во: Економија 14 Јули, 2016 12:52
Сигурно сакате да го следите движењето на парите од вашата сметка, а времето ви е ограничено и не сте во состојба да одите до најблискиот шалтер на банката или банкомат. Вашиот мобилен телефон е сигурен извор на информации за состојбата на вашата трансакциска сметка, кредитна или дебитна картичка.
Со услугата што веќе подолго време на пазарот ја нуди Охридска банка Сосиете Женерал заштедувате време и добивате можност за 24 часовен увид во состојбата и промените на вашата трансакциска сметка или картичките што ги поседувате независно дали се тие кредитни или дебитни. Преку СМС порака можете да ги следите сите трансакции и тоа во реално време.
На ваше барање , во реално време можете да добиете СМС известување за состојбата на трансакциската сметка, за приливот на финансии на сметката, за трансакции што сте ги направиле со платежни картички во која било продажна мрежа како и известување за плаќања преку интернет и повлекување средства од банкомат.
Истовремено, преку СМС можете да добиете и потврда за извршена трансакција, да го проверите износот на извршената трансакција, да добиете известување во врска со вашата картичка и да бидете заштитени од повеќекратно реализирање на истата трансакција, од злоупотреба на картичката.
Се што треба да направите е да имате трансакциска сметка во Охридска банка Сосиете Женерал и активен мобилен телефонски број од некој од мобилните оператори овластени на територијата на Македонија и да аплицирате за СМС услугата во една од експозитурите на Охридска банка Сосиете Женерал или да се јавите на 046/261-000, а можете да аплицирате и преку obsgnetsupport@ob.com.mk
На крајот ве потсетуваме дека вашата картичка треба да ја чувате исто како што ја чувате вашата готовина, да го помните вашиот ПИН , не запишувајте го на картичката и секако не доверувајте ја картичката на друго лице, ниту пак Вашиот ПИН –код.
Повеќе совети за безбедно користење на картичките можете да најдете на www.ohridskabanka.mk.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




