СЛЕДИ СЦЕНАРИОТО НА ПРИРОДЕН ПРОЦЕС, СИТЕ ЌЕ СЕ ЗАРАЗАТ СО ВИРУСОТ: Епидемиологот Тиодоровиќ прв пат по година и пол со вакво тешко сценарио
Објавено во: Балкан 05 Ноември, 2021 11:02
Српскиот епидемиолог,
Бранислав Тиодоровиќ, кој е член на Кризниот штаб во Србија изјави дека и
денеска во земјата се очекуват исклучително високи бројки и на нови заразени,
но и голем број починати од Ковид-19. Во неговото гостување на ТВ Прва,
Тиодоровиќ рече дека уште во јуни зборувале дека во текот на есенските и зимските
месеци се можни две сценарија.
-Уште тогаш разговаравме дека мора да се зголеми опфатотна вакцинацијата, да се почитуваат мерките повеќе... Ништо од тоа не се случи. Остануваме со сценариото на природен процес, што значи дека сите ќе бидат заразени. Овој процес ќе трае додека сите не ја прележат болеста, а дел од случаите ќе завршат фатално. Најпогодените ќе бидат невакцинираните. Тоа се одвива според некое епидемиолошко правило „додека има запален материјал, гори“, што е најлошото можно решение“, истакна Тиодоровиќ и додаде: „Како што сега стојат работите, морам да кажам дека немам голем оптимизам. Ова е прв пат јас, кој гледам се како оптимист, да кажам нешто такво. Мораме да разбереме дека бројот на смртни случаи е страшен и исклучително голем. Мислам дека нема повеќе луѓе кои немаат некој во околината што не е заразен. Мислам дека само сериозноста во спроведувањето на мерките може да доведе до враќање на животот барем донекаде во нормала, посочува Тиодоровиќ“.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




