19 Декември, 2025
0.0362

СЛЕДУВА ЛИ КРИЗА ЗА ГАС? ЕСМ купува 11 илјади тони мазут за топланите

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Иако одамна беше кажано дека мазут нема да се користи за грејната сезона во Скопје и беше забранет од претходната власт, ЕСМ сега купува 11 илјади тони од овој високозагадувачки енергенс за двете топлани што треба да трае и до 15 дена. 

Дали геополитиката си го прави своето, па сега државните електрани објавиле повик за рамковна спогодба чиј рок истече вчера, а се однесува за набавка на големо количество на гориво кое треба да биде алтернативно за природниот гас што сега се користи за топланите Исток и Запад. Инаку овие објекти, иако се во приватна сопственост, се менаџираат од ЕСМ откако беше преземено загревањето од Балкан Енерџи Груп.

„Резерви за алтернативно гориво-мазут за 15 дена работење на топланите, тип М-1 НС, во количини од 0 до 11.000.000 кгр, за период до 30.04.2025 год. Потребно е да се понуди тип на мазут согласно Македонскиот стандард за течни горива МКС.Б.Х2.430 (МКС.Б.Х2.430)-или стандард кој е еквивалентен, и е во државата моментално одобрен за продажба и користење. Купувачот ќе бара испорака на мазут кој во моментот е одобрен со регулатива во државата“, пишува во повикот.

Јавното отворање на понудите требаше да се изврши вчера. Рокот на важност на понудата треба да трае најмалку 30 дена, а ќе се избере онаа со најниска цена. Трошокот за превоз ќе биде фиксен.

Во 2022 кога цената на природниот гас го достигна пикот, постоеше обид да се приспособат двете топлани на работен режим на дизел, како подобро алтернативно гориво од мазутот, но идејата не заживеа. Меѓутоа, не се користеше ниту мазут бидејќи скопјани стравуваа од висока концентрација на загадување. Надлежните органи тогаш самите рекоа дека нема соодветни филтри за овој енергенс и дека мазут може да се користи само ако воопшто го нема основното гориво.

Топланите „Запад“ и „Исток“ во Скопје во случај на недостиг на главниот енергенс – гасот, може да користат мазут како резервен енергенс во период од само 10 дена, а за негова понатамошна употреба потребна е согласност од Министерството за животна средина, порача тогаш Државниот инспекторат за животна средина.

- Ставот на Министерството за животна средина и просторно планирање е дека на пазарот има гас и нема да се дозволи овие постројки да работат на друг енергенс освен на гас. И во нивните дозволи е наведено дека во случај да нема гас на пазарот, тие може да работат 10 дена на мазут. Државниот инспекторат ќе ја следи исклучиво дозволата што им е издадена - изјави тогашниот директор на инспекторатот Сретен Стојковски.

ЕСМ Продажба го промени и начинот на купување на природен гас за топланите. Минатата година купи природен гас од Sustainable Energy Supply со однапред договорена маржа за целиот период (октомври, ноември, декември) до крајот на 2024. Оваа година е направен договор со бугарскиот снабдувач само за еден месец, за јануари, по фиксна цена.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии